Марин Дринов

Марин Стојанов Дринов (бугарски: Марин Стоянов Дринов, руски: Марин Степанович Дринов; 20 октомври 183813 март 1906) — Руски историчар и филолог од Бугарија во периодот на преродбата, кој поголемиот дел од својот живот го поминал и работел во Русија.[1] Бил еден од зачетниците на бугарската историографија[2] и основач на Бугарската академија на науките (тогашно Бугарско книжевно друштво), како и нејзин прв претседател.

Марин Стојанов Дринов
Марин Стоянов Дринов
Роден(а)Марин Стоянов Дринов
20 октомври 1838(1838-10-20)
Панаѓуриште, Одрински Пашалак, Османлиска Империја
Починал(а)13 март 1906(1906-03-13) (возр. 67)
Харков, Руска Империја
ПочивалиштеЦентрални софиски гробишта
42°42′44.6″N 023°19′57.9″E / 42.712389° СГШ; 23.332750° ИГД / 42.712389; 23.332750
Занимањеисторичар, филолог

Животопис

Роден е во Панаѓуриште во 1838 година. Заминал во Русија во 1858 година да го продолжи школувањето. Студирал историја и филологија во Киев и на Московскиот државен универзитет, патувал и работел во Австрија и Италија помеѓу 1865 и 1871. Во 1869 станал еден од основачите и активен член на Бугарското книжевно друштво. Започнал да работи како редовен професор на Харковскиот универзитет кон крајот на 1876 година.

За време на времената руска управа во Бугарија (1878 — 1879) Дринов бил министер за народна просвета и духовно дело. Учествувајќи активно во организирањето на новоослободената бугарска држава, Марин Дринов е познат како еден од авторите на Трновскиот устав, како личност која ја предложила Софија наместо Трново (кое било фаворизирано од австриските дипломати) за нова бугарска престолнина и личност која го вовела стандардизираното издание на кирилицата од триесет и две букви кое се користело во Бугарија до правописната реформа од 1945. Одиграл пресудна улога во стандардизацијата на бугарскиот јазик. Веќе во 1870 година го отфрлил предлогот на Кузман Шапкарев за мешана источна и западна бугарска-македонска основа за стандардниот јазик, наведувајќи: „Таков вештачки склоп на пишаниот јазик е нешто невозможно, недостижно и не е чуено дека тоа се случило некаде“.[3][4][5] Овај став на Дринов го критикувале некои современи бугарски лингвисти како Благој Шклифов.[5]

Првиот правопис на стандардниот бугарски јазик, воведен со одлука на министерот за просвета Тодор Иванчов во 1899 година, му се припишува на Дринов. Бугарскиот јазик претрпел три правописни реформи во: 1921, 1923 и 1945.

Наследство

Спомен претстава на Марин Дринов во Историскиот музеј Панаѓуриште

Кон крајот на 19 век, жителите на селото Бахшишлар, денешно Дриновско, решиле да го преименуваат во чест на познатиот професор Марин Дринов, испраќајќи му посебна делегација. Со негова согласност, делегацијата се врати во Дриново со подароци од професорот - црковни книги, прибор и црковни одежди за свештеникот.

Литература

Наводи