Мануил Панселин

Мануил Панселин (грчки: Μανουήλ Πανσέληνος) ― римски фрескописец и иконописец во доцната Римска Империја. Тој бил активен во Македонија и е најистакнатата личност на палеолошката ренесанса и Македонската сликарска школа, со средиште во вториот град на империјата, Солун.[1]

Мануил Панселин
Фреска на Исус во престол, од Панселин
Роден(а)доцен 13 век
Солун
Починал(а)ран 14 век
Солун
НационалностРимјанин
Познат(а) поИконографија и хагиографија
ПравецМакедонска школа

Историја

Мануил Панселин е роден кон крајот на 13 век во Солун. Негови главни дела биле иконографијата и фреските. Неговите дела се наоѓаат во неколку манастири на Света Гора: Ватопеди, Велика Лавра и црквата Протатон во Кариес . Неговото најважно дело е муралното сликарство на црквата Протатон (Успение на Богородица). Негови современици биле Ѓорѓи Калиерг(ис), Михаил Астрапа и Евтихиј Астрапа. Некои историчари веруваат дека Калиерг бил еден од неговите ученици поради сличноста во стиловите на сликање.[2]

Сепак, традицијата да му се припишуваат атонските слики на Панселин датира од 17 век, а дури во 18 век Дионисиј Фурнански тврди дека е роден во Солун и дека некои правила во својата работа ги извел од него. [3] Панселин понекогаш е привремено поистоветуван со Михаил Астрапа или друг член на истото семејство, но без цврсти докази.[3]

Галерија

Поврзано

  • Јован Пагомен
  • Теодор Апсевд

Наводи