македонски: Максимилијан Марија Михаел Јохан Баптист Франц де Паула Јосиф Каспар Игнатиус германски: Maximilian Maria Michael Johann Baptist Franz de Paula Joseph Kaspar Ignatius
Максимилијан I Јосиф (германски: Maximilian I Joseph; 27 мај 1756 - 13 октомври 1825) — војвода на Цвајбрикен од 1795 до 1799 година, изборен кнез на Баварија (како Максимилијан IV Јосиф) од 1799 до 1806 година и крал на Баварија (како Максимилијан I Јосиф) од 1806 до 1825 година. Тој бил член на династијата Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен, огранок на династијата Вителсбах.
За време на Наполеоновите војни, во сојуз со Франција, на 1 јануари 1806 се прогласува за крал на Кралството Баварија. Преку радикалните реформи и територијалните промени во неговото време, Баварската држава успева да стане трета најмоќна германска држава по Кралството Прусија и Австриското Царство. Меѓу неговите поданици, тој бил познат како „Крал Макс“, користејќи ја популарната кратка форма на неговото име.