Македонски претседателски избори (2014)

претседателски избори во Македонија

Македонски претседателски избори (2014) — редовни, петти, претседателски избори кои се одржале на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.[1]

Македонски претседателски избори, 2014
Македонија
2009 ←
13 април (прв круг)
27 април (втор круг)
→ 2019

 
КандидатЃорге ИвановСтево Пендаровски
ПартијаВМРО-ДПМНЕСДСМ
Добиени гласовиПрв круг
448.303
Втор круг
534.910
Прв круг
326.069
Втор круг
398.076
УделПрв круг
51,65%
Втор круг
55,28%
Прв круг
37,57%
Втор круг
41,14%


претседател пред изборите

Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за претседател

Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

За избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Кандидати

Следуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:[2]

сликакандидатлични податоципартијаначин на кандидатурарезултати
1. Иванов, Ѓорге2 мај 1960, ВаландовоВМРО-ДПМНЕпотписи од граѓани534.910 гласови
2. Пендаровски, Стево3 април 1963, СкопјеСДСМпратенички потписи398.077 гласови
3. Поповски, Зоран8 септември 1962, СкопјеГРОМпотписи од граѓани31.368 гласови
4. Халими, Илјаз1954, Сушиќе, КосовоДПАпотписи од граѓани38.966 гласови

Кандидирање

Актуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.[3]

Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.[4]

Резултати

Прв круг

Првиот круг се одржал на 13 април 2014.[5] Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.[6]

Втор круг

Вториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.

КандидатПартијаПрв кругВтор круг
Бр. на гласови%Бр. на гласови%
Ѓорге ИвановВМРО-ДПМНЕ449.44251.69534.91055.28
Стево ПендаровскиСоцијалдемократски сојуз на Македонија326.16437.51398.07741.14
Илијаз ХалимиДемократска партија на Албанците38,9664.48
Зоран ПоповскиГраѓанска опција за Македонија31.3683.61
Неважечки ливчиња23.6772.7134.7073.58
Вкупно869.547100967.676100
Право на глас/излезност1.779.57248.861.779.57254.36
Извор: прв круг, ДИК[мртва врска], втор круг, ДИК[мртва врска]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски