Луис Фиго

Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Луис Фиго
Фиго во Техеран во 2015
Лични податоци
Полно имеЛуис Филипе Мадејра Каеиро Фиго
Роден на4 ноември 1972(1972-11-04)(51 г.)
Роден воАлмада, Португалија
ДржаваПортугалија Португалија
Висина&100000000000001800000001,80 м[1]
Играчки податоци
Позицијасреден ред
Повлекување2009 (36 г.)
Младинска кариера
Ос Пастилхас
1984–1989Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1989–1995Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон137(16)
1995–2000Барселона Барселона172(30)
2000–2005Реал Мадрид Реал Мадрид164(38)
2005–2009Интер Интер105(9)
Репрезентација
1988–1989Португалија Португалија 1615(8)
1989Португалија Португалија 176(2)
1988–1990Португалија Португалија 1821(8)
1990–1991Португалија Португалија 2012(0)
1991–1994Португалија Португалија 217(0)
1991–2006Португалија Португалија127(32)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.

Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација.[2][3] Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси.[4] Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот.[5] Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.[6]

Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.

Животопис

Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.

Кариера

Клупска кариера

Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел.[7] Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година.[7] Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.[8]

Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо.[7] Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.

Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на Јувентус или на Парма, тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона Атлетико Мадрид со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите,[9] а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.

Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер.[10] Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.[11] Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи.[12] Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.[13] Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд[14] и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0.[15] Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.

Фиго на фудбалски натпревар со Португалија.

Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот Интер како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година.[16] Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле Рома со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија.[17] Својот последен натпревар во кариерата Интер-Аталанта го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.[18]

Репрезентативна кариера

За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против Луксембург што завршил 1-1.[19] Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо[20]- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.[20]

Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од Грција.[21]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
12-10-1991ЛуксмбургЛуксембург 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
16-10-1991РотердамХоландија 0 – 1  ПортугалијаКвал. за Евро 1992-
20-11-1991ЛисабонПортугалија 1 – 0  ГрцијаКвал. за Евро 1992-
12-2-1992ФароПортугалија 2 – 0  ХоландијаПријателска-
31-5-1992Њу ХејвенИталија 0 – 0  ПортугалијаЈуЕс куп-
3-6-1992ЧикагоСАД 0 – 1  ПортугалијаЈуЕс куп-
7-6-1992ФоксбороПортугалија 0 – 2  ИрскаЈуЕс куп-
2-9-1992ЛинцАвстрија 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
14-10-1992ГлазговШкотска 0 – 0  ПортугалијаКвал. за СП 1994-
11-11-1992Сент УанПортугалија 2 – 1  БугаријаПријателска1
24-1-1993Та КалиМалта 0 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 1994-
10-2-1993ФароПортугалија 1 – 1  НорвешкаПријателска-
24-2-1993ПортоПортугалија 1 – 3  ИталијаКвал. за СП 1994-
31-3-1993БернШвајцарија 1 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 1994-
19-6-1993ПортоПортугалија 4 – 0  МалтаКвал. за СП 1994-
19-1-1994ВигоШпанија 2 – 2  ПортугалијаПријателска-
7-9-1994БелфастСеверна Ирска 1 – 2  ПортугалијаКвал. за Евро 1996-
9-10-1994РигаЛатвија 1 – 3  ПортугалијаКвал. за Евро 19961
13-11-1994ЛисабонПортугалија 1 – 0  АвстријаКвал. за Евро 19961
18-12-1994ЛисабонПортугалија 8 – 0  ЛихтенштајнКвал. за Евро 1996-
22-2-1995АјндховенХоландија 0 – 1  ПортугалијаПријателска-
26-4-1995ДаблинИрска 1 – 0  ПортугалијаКвал. за Евро 1996-
3-6-1995ПортоПортугалија 3 – 2  ЛатвијаКвал. за Евро 19961
3-9-1995ПортоПортугалија 1 – 1  Северна ИрскаКвал. за Евро 1996-
15-11-1995ЛисабонПортугалија 3 – 0  ИрскаКвал. за Евро 1996-
12-12-1995ЛисабонПортугалија 1 – 1  АнглијаКвал. за Евро 1996-
21-2-1996ПортоПортугалија 1 – 2  ГерманијаПријателска-
9-6-1996ШефилдДанска 1 – 1  ПортугалијаЕвро 1996 - Прва фаза-
14-6-1996НотингемПортугалија 1 – 0  ТурцијаЕвро 1996 - Прва фаза-
19-6-1996НотингемХрватска 0 – 3  ПортугалијаЕвро 1996 - Прва фаза1
23-6-1996БирмингемЧешка 1 – 0  ПортугалијаЕвро 1996 - Четвртфинале-
5-10-1996КиевУкраина 2 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 1998-
9-10-1996ТиранаАлбанија 0 – 3  ПортугалијаКвал. за СП 19981
9-11-1996ПортоПортугалија 1 – 0  УкраинаКвал. за СП 1998-
14-12-1996ЛисабонПортугалија 0 – 0  ГерманијаКвал. за СП 1998-
22-1-1997БрагаПортугалија 0 – 2  ФранцијаПријателска-
19-2-1997АтинаГрција 0 – 0  ПортугалијаПријателска-
29-3-1997БелфастСеверна Ирска 0 – 0  ПортугалијаКвал. за СП 1998-
7-6-1997ПортоПортугалија 2 – 0  АлбанијаКвал. за СП 19981
20-8-1997СетубалПортугалија 3 – 1  ЕрменијаКвал. за СП 19981
6-9-1997БерлинГерманија 1 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 1998-
11-10-1997ЛисабонПортугалија 1 – 0  Северна ИрскаКвал. за СП 1998-
22-4-1998ЛондонАнглија 3 – 0  ПортугалијаПријателска-
19-8-1998Понта ДелгадаПортугалија 2 – 1  МозамбикПријателска-
6-9-1998БудимпештаУнгарија 1 – 3  ПортугалијаКвал. за Евро 2000-
10-10-1998ПортоПортугалија 0 – 1  РоманијаКвал. за Евро 2000-
14-10-1998БратиславаСловачка 0 – 3  ПортугалијаКвал. за Евро 2000-
18-11-1998СетубалПортугалија 2 – 0  ИзраелПријателска-
10-2-1999ПаризХоландија 0 – 0  ПортугалијаПријателска-
26-3-1999ГимараешПортугалија 7 – 0  АзербејџанКвал. за Евро 2000-
31-3-1999ВадуцЛихтенштајн 0 – 5  ПортугалијаКвал. за Евро 20001
5-6-1999ЛисабонПортугалија 1 – 0  СловачкаКвал. за Евро 2000-
9-6-1999КоимбраПортугалија 8 – 0  ЛихтенштајнКвал. за Евро 2000-
18-8-1999ЛисабонПортугалија 4 – 0  АндораПријателска1
4-9-1999БакуАзербејџан 1 – 1  ПортугалијаКвал. за Евро 20001
8-9-1999БукурештРоманија 1 – 1  ПортугалијаКвал. за Евро 20001
9-10-1999ЛисабонПортугалија 3 – 0  УнгаријаКвал. за Евро 2000-
23-2-2000ШарлроаБелгија 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
29-3-2000ЛеиријаПортугалија 2 – 1  ДанскаПријателска-
26-4-2000Реџо КалабријаИталија 2 – 0  ПортугалијаПријателска-
2-6-2000ЧавесПортугалија 3 – 0  ВелсПријателска1
12-6-2000АјндховенПортугалија 3 – 2  АнглијаЕвро 2000 - Прва фаза1
17-6-2000АрнемРоманија 0 – 1  ПортугалијаЕвро 2000 - Прва фаза-
24-6-2000АмстердамТурција 0 – 2  ПортугалијаЕвро 2000 - Четвртфинале-
28-6-2000БриселФранција 2 – 1  ПортугалијаЕвро 2000 - Полуфинале-
16-8-2000ВизеуПортугалија 5 – 1  ЛитванијаПријателска1
3-9-2000ТалинЕстонија 1 – 3  ПортугалијаКвал. за СП 20021
7-10-2000ЛисабонПортугалија 1 – 1  ИрскаКвал. за СП 2002-
11-10-2000РотердамХоландија 0 – 2  ПортугалијаКвал. за СП 2002-
15-11-2000БрагаПортугалија 2 – 1  ИзраелПријателска1
28-2-2001ФуншалПортугалија 3 – 0  АндораКвал. за СП 20022
28-3-2001ПортоПортугалија 2 – 2  ХоландијаКвал. за СП 20021
25-4-2001Сен ДениФранција 4 – 0  ПортугалијаПријателска-
2-6-2001ДаблинИрска 1 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 20021
15-8-2001ФароПортугалија 3 – 0  МолдавијаПријателска3
1-9-2001ЛеидаАндора 1 – 7  ПортугалијаКвал. за СП 2002-
5-9-2001ЛарнакаКипар 1 – 3  ПортугалијаКвал. за СП 2002-
6-10-2001ЛисабонПортугалија 5 – 0  ЕстонијаКвал. за СП 20021
14-11-2001ЛисабонПортугалија 5 – 1  АнголаПријателска1
13-2-2002БарселонаШпанија 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
17-4-2002ЛисабонПортугалија 1 – 1  БразилПријателска-
25-5-2002МакаоКина 0 – 2  ПортугалијаПријателска-
5-6-2002СувонСАД 3 – 2  ПортугалијаСП 2002 - Прва фаза-
10-6-2002ЏеонџуПортугалија 4 – 0  ПолскаСП 2002 - Прва фаза-
14-6-2002ИнчеонПортугалија 0 – 1  Јужна КорејаСП 2002 - Прва фаза-
7-9-2002БирмингемАнглија 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
12-10-2002ЛисабонПортугалија 1 – 1  ТунисПријателска-
16-10-2002ГетеборгШведска 2 – 3  ПортугалијаПријателска-
20-11-2002БрагаПортугалија 2 – 0  ШкотскаПријателска-
12-2-2003ЏеноваИталија 1 – 0  ПортугалијаПријателска-
2-4-2003ЛозанаПортугалија 1 – 0  МакедонијаПријателска1
30-4-2003АјндховенХоландија 1 – 1  ПортугалијаПријателска-
6-6-2003БрагаПортугалија 0 – 0  ПарагвајПријателска-
20-8-2003ЧавесПарагвај 1 – 0  КазахстанПријателска-
6-9-2003ГимараешПортугалија 0 – 3  ШпанијаПријателска-
10-9-2003ОслоНорвешка 0 – 1  ПортугалијаПријателска-
11-10-2003ЛисабонПортугалија 5 – 3  АлбанијаПријателска1
15-11-2003АвеироПортугалија 1 – 1  ГрцијаПријателска-
19-11-2003ЛеиријаПортугалија 8 – 0  КувајтПријателска1
18-2-2004ФароПортугалија 1 – 1  АнглијаПријателска-
31-3-2004БрагаПортугалија 1 – 2  ИталијаПријателска-
28-4-2004КоимбраПортугалија 2 – 2  ШведскаПријателска-
29-5-2004АгедаПортугалија 3 – 0  ЛуксембургПријателска1
5-6-2004СетубалПортугалија 4 – 1  ЛитванијаПријателска-
12-6-2004ПортоПортугалија 1 – 2  ГрцијаЕвро 2004 - Прва фаза-
16-6-2004ЛисабонРусија 0 – 2  ПортугалијаЕвро 2004 - Прва фаза-
20-6-2004ЛисабонШпанија 0 – 1  ПортугалијаЕвро 2004 - Прва фаза-
24-6-2004ЛисабонПортугалија 2 – 2 прод.
(6 - 5 пен.)
 АнглијаЕвро 2004 - Четвртфинале-
30-6-2004ЛисабонПортугалија 2 – 1  ХоландијаЕвро 2004 - Полуфинале-
4-7-2004ЛисабонПортугалија 0 – 1  ГрцијаЕвро 2004 - Финале-
4-6-2005ЛисабонПортугалија 2 – 0  СловачкаКвал. за СП 2006-
8-6-2005ТалинЕстонија 0 – 1  ПортугалијаКвал. за СП 2006-
17-8-2005Понта ДелгадаПортугалија 2 – 0  ЕгипетПријателска-
3-9-2005ФароПортугалија 6 – 0  ЛуксембургКвал. за СП 2006-
7-9-2005МоскваРусија 0 – 0  ПортугалијаКвал. за СП 2006-
8-10-2005АвеироПортугалија 2 – 1  ЛихтенштајнКвал. за СП 2006-
12-10-2005ПортоПортугалија 3 – 0  ЛатвијаКвал. за СП 2006-
1-3-2006ДиселдорфПортугалија 3 – 0  Саудиска АрабијаПријателска-
27-5-2006ЕвораПортугалија 4 – 1  Зелен ’РтПријателска-
3-6-2006МецПортугалија 3 – 0  ЛуксембургПријателска1
11-6-2006КелнАнгола 0 – 1  ПортугалијаСП 2006 - Прва фаза-
17-6-2006ФранкфуртПортугалија 2 – 0  ИранСП 2006 - Прва фаза-
21-6-2006ГелзенкирхенПортугалија 2 – 1  МексикоСП 2006 - Прва фаза-
25-6-2006НирнбергПортугалија 1 – 0  ХоландијаСП 2006 - Осминафинале-
1-7-2006ГелзенкирхенАнглија 0 – 0 прод.
(1 - 3 пен.)
 ПортугалијаСП 2006 - Четвртфинале-
5-7-2006МинхенПортугалија 0 – 1  ФранцијаСП 2006 - Полуфинале-
8-7-2006ШтутгартГерманија 3 – 1  ПортугалијаСП 2006 - Натпревар за 3. место-
ВкупноНастапи (2. место)127Голови (4. место)32

По завршувањето на кариерата

Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.[22]

Статистика

Статистиката е ажурирана на 16 април 2020.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1989-1990 Спортинг ЛисабонПД30КП00------30
1990-1991ПД00КП00------00
1991-1992ПД341КП70КУ20---431
1992-1993ПД320КП81КУ20---421
1993-1994ПД318КП10КУ30---358
1994-1995ПД297КП73КУ20---3810
Вкупно Спортинг1291623490--16120
1995-1996 БарселонаПД355КШ81CU103---539
1996-1997ПД364КШ82КПК81СШ10537
1997-1998ПД355КШ10ЛШ71СШ+СУ1+20466
1998-1999ПД347КШ91ЛШ61СШ10509
1999-2000ПД329КШ00ЛШ135СШ204714
Вкупно Барселона1723026444117024945
2000-2001 Реал МадридПД347КШ00ЛШ145СУ+ИнтК1+105012
2001-2002ПД297КШ61ЛШ103СШ204711
2002-2003ПД3310КШ10ЛШ152СУ+ИнтК1+105112
2003-2004ПД369КШ62ЛШ112SS215514
2004-2005ПД323КШ00ЛШ104---427
Вкупно Реал Мадрид1643613360168124556
2005-2006 ИнтерА345КИ30ЛШ81---456
2006-2007А322КИ70ЛШ70СИ11473
2007-2008А171КИ10ЛШ30СИ10221
2008-2009А221КИ00ЛШ30СИ10261
Вкупно Интер10591102113114011
Вкупно во кариерата57091731113428182795132

Титули

Клупски

Спортинг Лисабон

  • Куп на Португалија : 1
1994-1995.

Барселона

1997–1998, 1998–1999
  • Куп на Шпанија : 2
1996-1997, 1997-1998
  • Суперкуп на Шпанија : 1
1996
1996-1997
1997

Реал Мадрид

2000–2001, 2002–2003
  • Суперкуп на Шпанија : 2
2001, 2003
2001-2002
2002
2002

Интер

2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009
2006
2006, 2008

Репрезентативни

  • Европско првенство под 16 години : 1
1989
  • Светско првенство под 20 години : 1
1991

Поединечни

  • Играч на годината во португалското првенство : 1
1994
Франција 1994
  • ЕСМ Тим на годината: 2
1997-1998, 1999-2000
2000
  • ФИФА Играч на годината : 1
2001
  • Играч на годината World Soccer : 1
2000
  • Португалски фудбалер на годината : 6
1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000
2003
2006
  • Вклучен во ФИФА 100 листата (2004)

Почести

Орден Инфанта на Дон Енрике
2004

Наводи

Надворешни врски