Лудвиг III (германски: Ludwig Luitpold Josef Maria Aloys Alfried; 7 јануари 1845 - 18 октомври 1921) — последниот крал на Баварија, кој владеел од 1913 до 1918 година. Првично служел во баварската војска како поручник и продолжил да го држи рангот на Оберлејтант (прв поручник) за време на Австро-пруската војна. Влегува во политиката на 18-годишна возраст, станувајќи член на баварското законодавство и жесток учесник во политиката, поддржувајќи ги земјоделските реформи и реформите за право на глас. Подоцна во животот служи како регент и де факто шеф на државата од 1912 до 1913 година, владеејќи во име на неговиот братучед, Ото. Откако баварскиот парламент го усвои законот што му дозволува да го стори тоа, Лудвиг го симна Ото и самиот го презеде престолот. Тој ја предводеше Баварија во Првата светска војна и го загуби својот престол заедно со другите владетели на германските држави на крајот на војната.