Ломе

Ломе, со околу 700,000 жители, е главниот град на Того. Тој се наоѓа на Гвинејскиот Залив и е административен и индустриски центар, како и главно пристаниште на земјата. Градот извезува кафе, какао, копар и палмови плодови. Ломе поседува и рафинерија за нафта.

Ломе, Того Того

Површина90 км2 км2
(само центарот)
Население737 751
Густина на насел.?/км2
Административна поделбаРегион Маритим
Надморска висина30 m
ГрадоначалникМ. Оси Лоде
Број на населби5
Координати: 1°13' И, 6°07' С

Ломе бил основан во XVIII век од народот Еве. Во 1882, селото (тогаш познато како Беј Бич - Крајбрежна Плажа) станало главен трговски центар со пристигнувањето Чико и Октавиано Олимпио како агенти за британската трговска фирма "А. и Ф. Сванзи".

Беј Бич станал главен град на Того кога германските владетели го преместиле седиштето од Анехо во 1897. Градот пораснал брзо, сè додека не бил заземен од Француската армија во 1914 за време на Втората светска војна.

Ломе лежи во крајниот југозапад на Того, долж границата со Гана. Знаменитости во градот се Големиот маркет на Ломе, Националниот музеј на Того, плажите итн.

Надворешни врски