Логодаж

село во Горноџумајско, Пиринска Македонија

Логодаж или Логодаш (бугарски: Логодаж/Логодаш) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја (Благоевград) на истоимената област, југозападна Бугарија. Лежи недалеку од државната граница со Р Македонија.

Логодаж
Логодаж
Логодаж
Логодаж
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаГорна Џумаја
Управа
 • КметПламен Червенков (БСП)
Површина
 • Вкупна31,155 км2 (12,029 ми2)
Надм. вис.&10000000000000628000000628 м
Население (2010 [1])
 • Вкупно303
 GRAO
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2737
Повик. бр.07415

Географија

Селото е сместено во планински предел, 15 км западно од Горна Џумаја, по патот за границата со Р Македонија. Кај селото се наоѓа граничниот премин „Логодаж“ (порано „Станке Лисичково“) преку кој се преоѓа во Општина Делчево. На растојание од 1 км е вештачкото езеро Стојковци.

Историја

Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:

Логодаш, лежи 3 часа западно од Џумаја; почвата е задоволителна за прехрана на селаните. Имаат една црква, во која се служи на бугарски. 200 македонски куќи.[2][3]

Во 1955 г. Долното Маало на Логодаж е прогласено за посебно село и преименувано во Станке Лисичково, во чест на месниот комунистички деец Станке Лисичков. Во 1959 г. кон Станке Лисичково е присоединето и Горното Маало.[4] Во 1993 г. е повратено изворното име на селото.[5]

Население

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 540 жители, сите Македонци-христијани.[2][6]

Ова е бројноста на населението според пописите низ минатите десетлетија:[7][8]

ПописЖителиГрафички приказ
19341.217
19461.296
19561.289
1965972
1975678
1985467
1992442
2001291
2011274

Стопанство и општествени установи

Во селото работи претпријатието „Винпром Логодаж“. Селото се одликува со висок стопански развој, со развиена инфраструктура, зачувана природна околина и ниски стапки на престапност меѓу населението. Народното читалиште „Иван Чаушки“ важи за главен културен центар на пограничните села, меѓу кои Клисура и Лешница (Обел).

Природозаштита

Во 2012 г. во атарот на Логодаж е прогласено заштитеното подрачје „Наоѓалиште на балканското часовниче“ со цел да се запази живеалиштето на растението балканско часовниче (Erodium absinthoides).[9][10]

Личности

  • Димитар Стојанов — учител во Селиште (1870) и Клисура (1871 – 1876)[11]
  • Иван Божинов — доброволец во Руско-турската војна (1877-78); починал пред 1918 г.[12]
  • Станке Лисичков (1913 – 1942) — комунистички деец

Поврзано

Наводи

Надворешни врски