Ливада (село)

село во Општина Струга

Ливада — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Ливада
Ливада во рамките на Македонија
Ливада
Местоположба на Ливада во Македонија
Ливада на карта

Карта

Координати 41°13′54″N 20°43′27″E / 41.23167° СГШ; 20.72417° ИГД / 41.23167; 20.72417
ОпштинаСтруга
Население1.132 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО26027
Надм. вис.695 м
Ливада на општинската карта

Атарот на Ливада во рамките на општината
Ливада на Ризницата

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948378—    
1953468+23.8%
1961640+36.8%
1971909+42.0%
19811.120+23.2%
ГодинаНас.±%
199122−98.0%
19941.332+5954.5%
20021.485+11.5%
20211.132−23.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ливада живееле 90 жители, сите Македонци[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливада е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.485 жители, од кои 1 Македонец, 1.388 Албанци и 96 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.132 жители, од кои 1.111 Албанци, 1 Ром, 1 Влав и 19 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население90378468640909112022133214851132
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Ливада е албанско село.

Родови во селото се: Зиба или Раимовци (30 к.) името го добиле по предокот Зибер, имаат истоимени роднини во селото Делогожди, во овој род се знае следното родословие: Беадин (жив на 50 го. во 1980 година) Раим-Мустафа- Бизат-Јонуз-Зибер. Нивното место на потекло е од областа Матија, од каде се иселиле најпрво во Поум, од Поум отишле во Делогожди, а на крај се доселиле во денешното село, тоа било околу 1890 година; Лога (15 к.), Дика (15 к.) Села (10 к.), Положан (10 к.), Оџа (6 к.) и Наџику (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење. Доселени се од северна Албанија, преку селата Делогожди (Села и Положан), Поум и Мислодежда; Делогождани (17 к.), Поумци (11 к.), Корошиштанци (6 к.), Татешани (5 к.), Мислодеждани (6 к.), Велештани (1 к.) и Бижевци (1 к.) се населиле од разни села во струшко помеѓу двете светски војни и после Втората светска војна.[10]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Азиз Положани — политичар, пратеник во Собранието на РМ, поранешен министер за образование;
  • Артим Шаќири — фудбалер;
  • Зијадин Села — доктор и поранешен градоначалник на Општина Струга;
  • Лиман Положани (р. 1935) - просветен деец и политичар;
  • Алириза Лога - политичар;

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски