Леќа

Леќа
Три сорти леќа
Научна класификација
Царство:Растенија
Ред:Бобовидни
Семејство:Бобови
Потсемејство:Глушини
Род:Леќа
Вид:Кујнска леќа
Научен назив
Lens culinaris
Medikus
Леќини растенија пред цветање

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.[1]

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна.[1] Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.

Хранлива вредност и здравствени особини

Леќа, сирова
Хранлива вредност на 100 г
Енергија1,477 kJ (353 kcal)
60 г
Шеќери2 г
Влакна3,1 г
Масти
1 г
26 г
Витамини
Тиамин 1)
(76 %)
0,87 мг
Рибофлавин 2)
(18 %)
0,211 мг
Ниацин 3)
(17 %)
2,605 мг
Пантот. кис. 5)
(42 %)
2,120 мг
Витамин Б6
(42 %)
0,54 мг
Фолна кис. 9)
(120 %)
479 μг
Витамин Ц
(5 %)
4,4 мг
Минерали
Калциум
(6 %)
56 мг
Железо
(58 %)
7,54 мг
Магнезиум
(34 %)
122 мг
Фосфор
(64 %)
451 мг
Калиум
(20 %)
955 мг
Натриум
(0 %)
6 мг
Цинк
(50 %)
4,78 мг
Други состојки
Вода10,4 г

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.[2] Во белковините се застапени неопходните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население.[3] Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.[4]

Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%).[5] Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.[6]

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,[7] кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.[8] Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Производство

Производство на леќа во светот

Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.

Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.[9]

Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван.[10] Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони.[11] Најзастапена сорта е светлокафеавата.[10]

10 најголеми производители на леќа (во тони)
МестоЗемја201020112012
1  Канада1.947.1001.531.9001.493.620
2 Индија1.031.600943.800950.000
3 Австралија140.000379.659463.000
4  Турција447.400405.952438.000
5  САД392.675214.640240.490
6    Непал151.757206.969208.201
7 Етиопија80.952128.009151.500
8 НР Кина125.000150.000145.000
9 Сирија77.328112.470130.229
10 Иран100.17471.80885.000
Цел свет4.686.6734.386.8704.522.097
Извор: Организација за исхрана и земјоделство на ООН[12]

Поврзано

  • Дал (јадење)
  • Зрнеста култура

Наводи

Надворешни врски