Летни олимписки игри 1924

8- те Летни олимписки игри се одржале во Париз во 1924 година. Градот Париз бил избран по вторпат за домаќин на Летните олимписки игри по 1900, а во конкуренција биле ои градовите Амстердам, Берлин, Лос Анџелес, Рио Де Жанеиро и Рим.

I Зимски олимписки игри
Град домаќинШамони, Франција
Бр. на држави44
Бр. на спортисти3,089
(2,954 men, 135 women)
Натпревари126 од 17 спортови
Отворени25 јануари
Затворени4 февруари
Официјално отворени од:Францускиот претседател
Гастон Домерж[1]
Спортска заклетваЖорж Андре
СтадионОлимписки стадион

Трошоците на игрите биле проценети на 10.000.000 франци, а според некоја потврда вкупниот износ изнесувал 5.496.610 франци. Се знае и дека за време на одржувањето на игрите во Париз пристигнале околу 60.000 луѓе[2].

Ретроспектива

  • Церемонијата на свечено отворање се одржала на Олимпискиот стадион Ив ду Маноа со капацитет од 4- те 45.000 гледачи.
  • 8-те Летни олимписки игри се последни организирани од Пјер де Кубертен како претседател на Меѓународниот олимписки комитет.
  • „Летечките Финци“ доминирале на долгите атлетскји поатеки, а Британците и Американците на пократките. Паво Нурми победил во трките на 1500m и 5000m и крос- кантри трката. Виле Ритола победил во трките на 10000m и 3000m со пречки, а завршил втор во трката на 5000m и крос- кантри трката. Албин Стенрус победил во маратонот, додека финскиот тим (Нурми и Ритола) победиле во тимската трка на 3000m со пречки и крос- кантри тимската трка.
  • Британецот Харолд Абрахамс победил на 100m, а неговите сонародници Ерик Лидел на 400m и Даглас Лов на 800m.
  • Должината на маратонската трка била утврдена на 42.195 км што е трчана на Летните олимписки игри - 1908 во Лондон.
  • Пливачот Џони Вајсмилер освоил 3 златни медали во пливање и бронза во ватерполо.
  • Мечувачот Рожер Дукре од Франција освоил 5 медали од кои 3 биле златни.
  • Во гимнастичките натпревари во машка конкуренција дури 24 натпреварувачи биле оценети со 10. Од нив 23 во качување по јаже, а гимнастичарот Алберт Сегвин покрај оценката 10 во качување со јаже, бил единствен којшто добил десетка во друга дисциплина, прескок на страна.
  • Ирска за првпат на Олимписките игри учествувала како независна држава.
  • За првпат било употребено Олимпиското мото "Citius, Altius, Fortius" (побрзо, Повисоко, Посилно).
  • За првпат за Олимписките игри се изградило Олимписко село.

Спортови

Целосна карта на сите Олимписки случувања

Демонстрациони спортови

  • Баскиска пелота
  • Кано
  • Игри со паума
  • Кан
  • Сават

Земји-учеснички

Учесничски, зелено- земји-учеснички кои и претходно учествувале на Олимписките игри, сино- земји-учеснички кои за првпат учествуваат

На Олимписките игри во Париз во 1924 година се натпреварувале спортисти од 44 земји. Германија повторно отсуствувала, а не ни била поканета од Меѓународниот олимписки комитет. Дебитанти на Олимписките игри биле Еквадор, Хаити, Ирска, Литванија, Филипини и Уругвај. Дебитанти на Летните олимписки игри биле и Латвија и Полска, но не и дебитанти на Олимписките игри воопшто бидејќи учествувале на Зимските олимписки игри - 1924 во Шамони.

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 САД45272799
2 Финска14131037
3 Франција (домаќин)13151038
4 Велика Британија29131254
5 Италија183526
6 Швајцарија781025
7 Норвешка52310
8 Шведска4131229
9 Холандија41510
10 Белгија37313

Наводи

Надворешни врски