Летни олимписки игри 1956

(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1956)

Летните олимписки игри - 1956 или 16-те Летни олимписки игри се одржале во Мелбурн. Натпреварите во коњички спортови се одржале 5 месеци порано во Стокхолм. Тоа било по вторпат во историјата на Олимписките игри натпреварите се одржувале во две различни земји. За првпат тоа се случило на Летните олимписки игри - 1920 одржани во Антверпен кога еден настан во едрење бил одржан во Холандија, поради тоа што натпреварувачите биле од оваа земја.Мелбурн бил избран за домаќин на игрите по победата на изборот за град-домаќин над конкурентите Буенос Аирес, Град Мексико, Лос Анџелес, Детроит, Чикаго, Минеаполис, Филаделфија и Сан Франциско на 43-тата сесија на МОК одражана во Рим на 28 април 1949.

VII Зимски олимписки игри
Games of the XVI Olympiad
Games of the XVI Olympiad

Град домаќинКортина д Ампецо, Италија
Бр. на држави72
Бр. на спортисти3,314
(2,938 мажи, 376 жени)
Натпревари145 од 17 спортови
Отворени26 јануари
Затворени5 февруари
Официјално отворени од:Филип од Единург[1]
и Густав VI Адолф
со Елизабета II
Олимписки оганХанс Викни и Рон Кларк
СтадионСтадио Олимпика
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1956
ГрадЗемјаПрв кругВтор кругТрет кругЧетврт круг
Мелбурн Австралија14181921
Буенос АиресАргентина9121320
Лос Анџелес САД545-
Детроит САД244-
Град Мексико Мексико93--
Чикаго САД1---
Минеаполис САД1---
Филаделфија САД1---
Сан Франциско САД----

Ретроспектива

  • Бидејќи Мелбурн е во јужната полутопка, летниот сонцестој е зимнски во северната полутопка и обратно, па игрите се одржале во невообичаен термин.
  • Вмешаноста на Велика Британија и Франција во Суецката криза предизвикало на игрите да не учествуваат Египет, Либан и Ирак. Советскиот Сојуз интервенирал во Унгарија за времена Унгарската револуција, но и покрај тоа и двете нации одлично се претставиле на Олимписките игри. Но, поради тоа на игрите не учествувале Шпанија, Швајцарија и Холандија. Третиот бојкот бил на далечниот истоккаде што Кина протестирала во однос на прашањето за Формоза.
  • Спортистите од Источна и Западна Германија се натпреварувале во комбиниран тим. Оваа практика траела сè до Летните олимписки игри - 1968 одржани во Град Мексико.
  • Австралиската атлетичарка Бети Катберт освоила 3 златни медали и била наречена „Златната девојка“. Нејзиниот квалитет бил споредуван со спринтерот Боби Џо Мороу.
  • Австралијанецот Мареј Роуз освоил 3 златни медали во пливање.
  • Владимир Куц од Советскиот Сојуз победил во трките на 5000 и 10000m.
  • Со инспирација од австралијанскиот тинејџер Џон Винг започнала Олимписката традиција на затворањето на Олимписките игри спортистите да парадираат заедно како симбол на соединетост на светот.
  • Ласло Пап го одбранил златото од игрите 4 години пред тоа освоено во бокс во полусредна категорија.
  • Започнува големата доминација на Советскиот Сојуз. Повеќе САД не е најуспешна нација.
  • Игрите биле наречени „Пријателск игри“.

Спортови

Демонстративни спортови

Земји-учеснички

Со сина боја се означени земјите кои дебитираат на Олимписките игри

На Летните олимписки игри - 1956 одржани во Мелбурн де битирале: Етиопија, Кенија, Фиџи, Малаја, Северно Борнео и Уганда. Спортистите од Источна и Западна Германија настапиле во кмбиниран тим. Таа практика останала сè до Летните олимписки игри - 1968 одржани во Град Мексико.

Пет нации учествувале во натпреварите во коњички спортови одржани во Стокхолм, но не и на игрите во Мелбурн:

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР37293298
2 САД32251774
3 Австралија (домаќин)1381435
4 Унгарија910726
5 Италија88925
6 Шведска85619
7 Обединет тим на Германија613726
8 Велика Британија671124
9 Романија53513
10 Јапонија410519

Градби од Олимпијадата

Стадионот Мелбурн крикет Граунд во 1998

Игрите во Мелбурн оставиле цел меќник на спортски зданија. Стадионот Мелбурн крикет Граунд беше срушен во 2004. Базенот постои сè уште како дел од Лексус центарот во Олимпискиот парк. Олимпискиото село е под приватна сопственост.

Наводи

Надворешни врски