Леандро Паредес

Леандро Даниел Паредес (роден на 29 јуни 1994, во Сан Хусто) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус, на заем од Париз Сен Жермен, и на аргентинската репрезентација.

Леандро Паредес
Лични податоци
Роден на29 јуни 1994(1994-06-29)(30 г.)
Роден воСан Хусто, Аргентина
ДржаваАргентина Аргентина
Висина&100000000000001800000001,80 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубЈувентус Јувентус
Број32
Младинска кариера
Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2010-2015Бока Хуниорс Бока Хуниорс28(5)
2014Кјево Кјево1(0)
2014-2017Рома Рома37(4)
2015-2016Емполи Емполи33(2)
2017-2019Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург43(7)
2019-Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен72(2)
2022-Јувентус Јувентус1(0)
Репрезентација
2011Аргентина Аргентина 171(0)
2017-Аргентина Аргентина44(4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2012

Технички одлики

Природен деснак, вешт во игра на мал простор, знае како да се справи со финти и двојни додавања (инспириран е од Хуан Роман Рикелме и Зинедин Зидан);[1] тој е добар и во одземање на топки,[2] понатаму поседува одлична контрола над топката и е умешен во давањето асистенции за своите соиграчи или во завршувањето на акциите.[3] Паредес израснал играјќи како офанзивен играч за врска, улога на која што го имал своето деби во Бока Хуниорс, а потоа, по пристигнувањето во Европа, се повлекол поназад од својата дотогашна позиција, играјќи најпрво како играч од средниот ред во линија од три играчи, а подоцна, со доаѓањето во Емполи, под водството на тренерот Марко Џампаоло тој започнува да игра постојано како плејмејкер.[4][5] Добар е во додавањата во длабочина и никогаш да не ја губи топката, но се издвојува по квалитетите во фазата на одбрана и по способноста да игра на тесни простори.[5][6]

Клупска кариера

Бока Хуниорс

Тој се приклучил на младинскиот сектор на Бока Хуниорс на само 8 години,[6] а своето деби за првиот тим го направил на 7 ноември 2011 година, во првенствениот натпревар на домашен терен против Аргентинос Хуниорс. Во сезоната 2012-2013, младиот играч за врска се наметнал во составот на Бока: на крајот од сезоната собрал 20 настапи и 4 гола.

Кјево, Рома и Емполи

На 29 јануари 2014 година, тој бил позајмен на италијанскиот клуб Кјево Верона;[7] трансферот се одвивал со поддршка на Рома, која откако немала слободни места достапни за играчите кои немаат државјанство на некоја од земјите членките на ЕУ, им дозволила на веронезите да го земат играчот на заем.[8] На 4 мај 2014, дебитирал за „летечките магариња“ во домашниот натпревар против Торино, загубен со 1-0: овој натпревар претставувал негово деби во Серија А, но бил и негов единствен во сезоната со Кјево.[6]

Паредес со Рома во 2014

На 19 јули 2014 година, тој отишол на позајмица во Рома, со опција римскиот клуб да го откупи играчот на крајот од сезоната.[9] На 27 септември, тој го направи своето деби за Рома против Хелас Верона, во натпревар добиен со 2-0 од „џалоросите“, појавувајќи се како резерва во второто полувреме на местото на Раџа Наинголан.[10] На 8 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Каљари-Рома 1-2.[11] На 26 февруари, тој го направил своето деби во Лига Европа во Ротердам против Фејенорд, заменувајќи го Франческо Тоти во 83-тата минута од натпреварот што завршил 2-1 за Рома.[12] Првата сезона ја завршил со 13 настапи и 1 гол.[6]

Откупен за 4,5 милиони евра, на 31 август 2015 година, Паредес бил пратен на позајмица во Емполи, со цел да добие повеќе простор за игра во италијанската Серија А.[13] Своето деби во дресот на „аѕурите“ го имал на 13 септември на домашен терен против Наполи, кој завршил 2-2.[14] На 19 септември, еден од неговите голови придонел за победа на гостувањето кај Удинезе, во натпревар кој завршил со победа на тосканците со 2-1.[15] Тој повторно бил стрелец кон крајот на јануари 2016 година, во поразот од 5-1 против Наполи.[16] Позајмицата во Емполи ја завршил со 33 одиграни натпревари и 2 постигнати гола, во кои, почнувајќи од осмото коло, тој бил постојан стартер на позицијата плејмејкер обезбедувајќи добри перформанси.[4][6]

Во следната сезона (2016-2017) тој се вратил во Рома и го имал своето деби во Лигата на шампионите 2016-2017 против Порто во првиот натпревар од плејоф квалификациската рунда на 17 август 2016. На 23 октомври 2016 година, тој постигнал гол од слободен удар против Палермо, со помошта на противничкиот голман Јосип Посавец, во домашната победа со 4-1.[17] Вториот гол во првенството го реализирал на 19 февруари 2017 година, во победата со 4-1 над Торино на Олимпико.[18] Третиот и последен гол во кариерата во Рома го постигнал во победата со 3-1 против Сасуоло на 19 март 2017 година.[19] Вкупно во дресот на Рома одиграл 54 натпревари и постигнал 4 гола.

Зенит и Париз Сен Жермен

Паредес играјќи натпревар во дресот на Зенит во 2017

На 1 јули 2017 година, Паредес потпишал четиригодишен договор со Зенит Санкт Петербург, откако рускиот клуб и исплатил на Рома 23 милиони евра плус уште 4 милиони во бонуси.[20] Дебитирал за Зенит на 16 јули 2017, во победата со 2-0 на гостувањето кај СКА Хабровск. Првиот гол за Зенит го постигнал на 13 август 2017, во победата со 4-0 над Ахмат Грозни на Крестовски. На 7 декември 2017, го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 3-1 во Шпанија над Реал Сосиедад. Икуството во Русија го завршил со вкупно 61 настап и 10 голови.

На 29 јануари 2019 година, заминал во Париз Сен Жермен за сума од 40 милиони евра плус 5 милиони во бонуси,[21] потпишувајќи четири ипол годишен договор;[22] Тој играл како стартер во втората половина од сезоната 2018-2019, помагајќи му на клубот да го освои француското првенство, но потоа паднал во резерва во текот на следната сезона, за сепак да ја врати стартната позиција во периодот после "локдаунот" заради пандемијата на КОВИД-19; на крајот од истата парижаните стигнале до финалето на Лигата на шампионите, во кое биле поразени од Бајерн Минхен со минимален резултат 1-0, а Паредес го започнал натпреварот и играл до 65-тата минута кога бил заменет од Марко Верати. Претходно, со клубот ги освоил француското првенство,[23] купот (за кој придонел и со еден гол, негов прв за ПСЖ во победата со 2-0 на гостувањето кај третолигашот По) и лига купот во истата сезона.

Во сезоната 2020-2021, Паредес одново го губи местото во стартната постава како резултат на доаѓањето на новото засилување Данило Переира.[5] Од тој момент неговите настапи за клубот постојано се намалуваат, меѓу другото и како резултат на разни повреди со кои се соочувал. Сепак, на 10 април 2021 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 за ПСЖ, од слободен удар, во победата со 4-1 над Стразбур.[24] Во сезоната 2021-2022, тој настапил вкупно на само 22 натпревари поради проблеми со бутниот мускул и потоа со адукторот. На 7 декември го одиграл својот 100-ти натпревар за Париз Сен Жермен во победата со 4-1 над Клуб Бриж во Лигата на шампионите.[25]

Јувентус

На 31 август 2022 година, тој оди на позајмица со право на откуп во Јувентус,[26][27] враќајќи се во Италија по пет сезони. Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 3 септември во ремито 1-1 против Фјорентина, во кое направил пенал, но за негова среќа противниците го промашиле.[28][29]

Репрезентативна кариера

Во 2011 година, Паредес учествувал со аргентинската репрезентација под 17 години на Јужноамериканското првенство за играчи на таа возраст, каде собрал 6 настапи и 2 гола.

Во 2017 година, тој го добил својот прв повик за сениорската репрезентација од страна на селекторот Хорхе Сампаоли во пресрет на пријателскиот натпревар против Сингапур на 13 јуни, добиен од Албисилесте со 6-0 во кој Паредес го постигна својот прв гол за државната репрезентација.[30]

Не бил повикан за Светското првенство 2018,[31] но по завршувањето на тој турнир, станал стартер во средниот ред на репрезентацијата. Бил повикан на Копа Америка 2019,[32] на која аргентинците завршиле како трети, и на Копа Америка 2021 две години подоцна, кога Аргентина ја освоила својата 15-та титула првак на континентот Јужна Америка.[33]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
13-6-2017СингапурСингапур 0 – 6  АргентинаПријателска1  60'
10-10-2017КитоЕквадор 1 – 3  АргентинаКвал. за СП 2018-  84'
23-3-2018МанчестерАргентина 2 – 0  ИталијаПријателска-  64'
7-9-2018Лос АнџелесАргентина 3 – 0  ГватемалаПријателска-  46'
12-9-2018Ист РатерфордКолумбија 0 – 0  АргентинаПријателска-  68' - 82'
11-10-2018РијадИрак 0 – 4  АргентинаПријателска-  60'
16-10-2018ЏедаБразил 1 – 0  АргентинаПријателска- 18'
16-11-2018КордобаАргентина 2 – 0  МексикоПријателска-  88'
21-11-2018МендосаАргентина 2 – 0  МексикоПријателска-  55'
22-3-2019МадридАргентина 1 – 3  ВенецуелаПријателска-
26-3-2019ТангерМароко 0 – 1  АргентинаПријателска-  76'
8-6-2019Сан ХуанАргентина 5 – 1  НикарагваПријателска-
15-6-2019СалвадорАргентина 0 – 2  КолумбијаКопа Америка 2019 - Прва фаза- 55'
19-6-2019Бело ХоризонтеАргентина 1 – 1  ПарагвајКопа Америка 2019 - Прва фаза-
23-6-2019Порто АлегреКатар 0 – 2  АргентинаКопа Америка 2019 - Прва фаза-
28-6-2019Рио де ЖанеироВенецуела 0 – 2  АргентинаКопа Америка 2019 - Четвртфинале-
2-7-2019Бело ХоризонтеБразил 2 – 0  АргентинаКопа Америка 2019 - Полуфинале-
6-7-2019Саун ПаулоАргентина 2 – 1  ЧилеКопа Америка 2019 - за 3. место- 63'
5-9-2019Лос АнџелесЧиле 0 – 0  АргентинаПријателска- 6' -  85'
10-9-2019Сан АнтониоАргентина 4 – 0  МексикоПријателска1 78'
9-10-2019ДортмундГерманија 2 – 2  АргентинаПријателска-
13-10-2019ЕлчеАргентина 6 – 1  ЕквадорПријателска1 12' -  46'
15-11-2019РијадБразил 0 – 1  АргентинаПријателска- 73' -  83'
18-11-2019Тел АвивАргентина 2 – 2  УругвајПријателска- 40' -  79'
8-10-2020Буенос АиресАргентина 1 – 0  ЕквадорКвал. за СП 2022- 25'
13-10-2020Ла ПасБоливија 1 – 2  АргентинаКвал. за СП 2022-  69'
12-11-2020Буенос АиресАргентина 1 – 1  ПарагвајКвал. за СП 2022-
17-11-2020ЛимаПеру 0 – 2  АргентинаКвал. за СП 2022-
3-6-2021Сантјаго дел ЕстероАргентина 1 – 1  ЧилеКвал. за СП 2022-
8-6-2021БаранквиљаКолумбија 2 – 2  АргентинаКвал. за СП 20221 62'
14-6-2021Рио де ЖанеироАргентина 1 – 1  ЧилеКопа Америка 2021 - Прва фаза-  68'
21-6-2021БразилијаАргентина 1 – 0  ПарагвајКопа Америка 2021 - Прва фаза- 34' -  80'
28-6-2021КујабаБоливија 1 – 4  АргентинаКопа Америка 2021 - Прва фаза-  71'
3-7-2021ГојанијаАргентина 3 – 0  ЕквадорКопа Америка 2021 - Четвртфинале-  71'
6-7-2021БразилијаАргентина 1 – 1 прод.
(3 – 2 пен.)
 КолумбијаКопа Америка 2021 - Полуфинале-  56'
10-7-2021Рио де ЖанеироАргентина 1 – 0  БразилКопа Америка 2021 - Финале- 33'  54'
9-9-2021Буенос АиресАргентина 3 – 0  БоливијаКвал. за СП 2022-
7-10-2021АсунсионПарагвај 0 – 0  АргентинаКвал. за СП 2022-
10-10-2021Буенос АиресАргентина 3 – 0  УругвајКвал. за СП 2022-  75'
14-10-2021Буенос АиресАргентина 1 – 0  ПеруКвал. за СП 2022-  73'
16-11-2021Сан ХуанАргентина 0 – 0  БразилКвал. за СП 2022- 45+1'  46'
27-1-2022КаламаЧиле 1 – 2  АргентинаКвал. за СП 2022- 73'
24-3-2022Буенос АиресАргентина 3 – 0  ВенецуелаКвал. за СП 2022-  88'
29-3-2022ГвајакилЕквадор 1 – 1  АргентинаКвал. за СП 2022-  78'
ВкупноНастапи44Голови4

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2011-2012 Бока ХуниорсПД40КА00КЛ00---40
2012-2013ПД204КА10КЛ10СА10234
2013-јан. 2014ПД41CA00------41
Вкупно Бока Хуниорс285101010315
јан.-јун. 2014 КјевоА10КИ00------10
2014-2015 РомаА101КИ20ЛШ+ЛЕ0+10---131
2015-2016 ЕмполиА332КИ00------332
2016-2017 РомаA273КИ40ЛШ+ЛЕ2[34]+80---413
Вкупно Рома37460110--544
2017-2018 ЗенитПЛ284КР11ЛЕ10[35]1---396
2018-јан. 2019ПЛ153КР00ЛЕ7[36]1---224
Вкупно Зенит43711172--6110
јан.-јун. 2019 Париз Сен ЖерменЛ1160КФ+ЛК4+00ЛШ20---220
2019-2020Л1170КФ+ЛК5+41+0ЛШ60СФ10331
2020-2021Л1211КФ60ЛШ80СФ10361
2021-2022Л1151КФ20ЛШ50СФ00221
авг. 2022Л130КФ--ЛШ--СФ1040
Вкупно Париз Сен Жермен722211210301173
авг. 2022-2023 ЈувентусА10КИ--ЛШ10---20
Вкупно во кариерата215202925124029924

Титули

Клупски

Париз Сен Жермен

2018-2019, 2019-2020, 2021-2022
  • Куп на Франција : 2
2019-2020, 2020-2021
  • Лига куп на Франција : 1
2019-2020
  • Суперкуп на Франција : 3
2019, 2020, 2022

Репрезентативни

Аргентина
2021
2022

Наводи

Надворешни врски