Лажец

село во Општина Битола

Лажец — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Лажец
Лажец во рамките на Македонија
Лажец
Местоположба на Лажец во Македонија
Лажец на карта

Карта

Координати 40°55′00″N 21°23′00″E / 40.91667° СГШ; 21.38333° ИГД / 40.91667; 21.38333
ОпштинаБитола
Население228 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО02068
Надм. вис.592 м
Лажец на општинската карта

Атарот на Лажец во рамките на општината
Лажец на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во крајниот јужен дел на Битолско Поле, чиј атар се допира со државната гранична линија со Република Грција. Селото е рамничарско, на надморска височина од 595 метри. Атарот зафаќа простор од 12,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.036 ха, а на пасиштата отпаѓаат 111 ха. Селото има исклучителна полјоделска функција.[2] Од градот Битола е оддалечено 16 километри.

Историја

Во XIX век, Лажец било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.107—    
19531.220+10.2%
19611.061−13.0%
19711.278+20.5%
1981968−24.3%
ГодинаНас.±%
1991572−40.9%
1994339−40.7%
2002302−10.9%
2021228−24.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лажец живееле 740 жители, од кои 340 Македонци и 400 Албанци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лажец имало 360 Македонци, патријаршисти.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 300 Албанци.[6]

Од Лажец потекнува значителна емиграција на населението, па затоа селото преминало од голема, во средна населба. Така, во 1961 година броело 1.061 жител, а во 1994 година 339 жители, од кои 196 биле Македонци, 140 Албанци и само двајца жители Срби.

Според пописот од 2002 година, селото Лажец има 302 жители од кои:[7] 161 Македонец, 135 Албанци, 3 Срби и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 105 Македонци, 117 Албанци и 6 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.б.п.Вкупно
19481.107
19538592011573...1.220
19611.04711......3...1.061
19711.1301343...5...61.278
1981668293...7968
19913761855...6572
19941961402...1339
200216113542302
20211051176228

Родови

Лажец е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Македонски родови

  • Родови староседелски и доселенички со непозната старина се: Узуновци (7 куќи), Кондовци (6 куќи), Стаматовци (5 куќи), Поповци (4 куќи), Тунѓевци (4 куќи), Бошевци (3 куќи), Петковци (2 куќи), Мирчевци (1 куќа), Здравевци (1 куќа), Љачковци (6 куќи), Размовци (3 куќи), Каљузовци (2 куќи), Чалишовци (2 куќи), Спасевци (2 куќи), Мишевци (8 куќи), Шапкаревци (3 куќи), Мановци (3 куќи), Лободовци (3 куќи), Шатаковци (2 куќи), Чикаровци (2 куќи), Стамболџиовци (2 куќи), Јашевци (1 куќа), Метиљци (1 куќа), Дандушевци (8 куќи), Караѓоргијовци (3 куќи), Таневци (2 куќи), Ѓорговци (4 куќи), Мазниковци (3 куќи), Барашлиовци (2 куќи) и Греговци (4 куќи).
  • Родови доселени со позната старина: Ѓеферовци (2 куќи) доселени се од селото Драгош во турско време; Димовци (3 куќи) доселени се од некое леринско село; Чкоровци (3 куќи), Тасевци (3 куќи), Трпевци (3 куќи), Недановци (2 куќи) и Солаковци (2 куќи) доселени се од леринското село Раково во 1903 година, тогаш Раково било запалено, и во Лажец основале посебно маало Раковско; Жабјанци (1 куќа) доселени се во 1905 година од селото Жабјани; Кљашевци (1 куќа), Петличковци (1 куќа), Еминбеговци (1 куќа), Нурчевци (1 куќа), Мановци (2 куќи), Шапазовци (3 куќи), Миновци (1 куќа) и Бирачо (1 куќа) доселени се од селото Буф во леринско во 1925 година; Уткаровци (3 куќи) доселени се од леринското село Света Петка во 1918 година; Чардако (1 куќа) доселени се од леринското село Опсирино во 1925; Негошевци (1 куќа) доселени се од селото Негочани во леринско во 1936 година; Породинци (4 куќи) доселени се од селото Породин во 1900 година, каде биле староседелци.

Албански родови

  • Доселеници: Аџи Мустафовци (10 куќи), Несимовци (8 куќи), Ризмановци (7 куќи), Арифовци (4 куќи), Шерифовци (4 куќи), Меловци (3 куќи), Аметовци (2 куќи), Аљушовци (2 куќи), Јашаровци (2 куќи), Десетановци (2 куќи), Зеновци (2 куќи), Фератовци (2 куќи), Аџи Бајрамовци (1 куќа), Шемшединовци (1 куќа), Мамутовци (1 куќа), Селимовци (1 куќа), Аметовци (1 куќа), Зеќо (1 куќа), Ибраимовци (1 куќа), Еминовци (1 куќа), Решка (1 куќа), Арифовци (1 куќа), Бајрамовци (1 куќа), Ибраимовци (1 куќа), Зуќе (1 куќа) и Елмаз (1 куќа) сите овие родови се доселени воглавно во XIX век од територијата на јужна Албанија, само мал број од северниот дел како Елмаз кои се доселени од областа Мат.[10]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 146 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 274 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Цркви[13]
  • Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква, изградена во 1861 година;
  • Црква „Св. Петка“ — црква, изградена во 1925 година;
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Тумба — населба од неолитско;

Редовни настани

Личности

  • Тодор Бајрактаров — македонски револуционер;
  • Светислав Ристиќ (1920 - 1944) — партизан, учесник во НОБ;[15]
  • Стефан Стаматовски (1923 - 1944) — партизан, учесник во НОБ;[15]
  • Кели Козарис — австралиска претприемачка, учесничка во Mrs Globe Pageant како претсавник на Македонија[16]

Култура и спорт

Иселеништво

До 1953 година, 30 семејства од селото се имаат иселено во Турција и Битола.[10]

Наводи

Надворешни врски