Лаван

Лаван (арамејски: ܠܵܒܵܢ, хебрејски: לָבָן, буквално: „Бело“) — личност во старозаветната книга Битие: син на Ватуил, брат на Ревека, жената на Исак и мајка на Јаков и Исав. Лаван го пречекал својот внук како млад човек и му доделил седумгодишен труд (работа) пред да му дозволи да се ожени за неговата ќерка Рахила. Лаван го измамил Јаков да се ожени за неговата поголема ќерка Лија. Јаков потоа ја зел Рахила за своја втора жена, под услов да одлежи дополнителни седум години труд.[1]

Лаван
לָבָן
Спротивставувањето на Лаван со Јаков (1873)
Роден(а)Падан Арам, Арам-Нахараим
(денешен Харан, Турција)
Починал(а)Падан Арам, Арам-Нахараим
(денешен Харан, Турција)
СопружникАдина
Деца
  • Лија
  • Рахила
Роднини

Лаван и неговото семејство се опишани како жители на Падан Арам, Месопотамија.

Наводи

Надворешни врски