Кузман Сотировски

Кузман Сотировски - Чокалија (за време на српската окупација Сотировиќ ) (Стенче, Тетовско, 16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) — македонски фудбалер и прв македонски олимпиец[1]. Поради фактот што бил Македонец во Белград, го добил прекарот Чокалија.

Кузман Сотировски
Лични податоци
Роден на16 октомври 1908(1908-10-16)
Роден воСтенче, Тетовско, Македонија Македонија
Починал на25 јули 1990(1990-07-25) (возр. 81)
Починал воПариз,  Франција
Позицијанапад
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1927–1928ОФК Белград?  ?
1928–1932ФК Сет?  ?
1932ФК Монпелје?  ?
Репрезентација
1928–1931Југославија5(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Животопис

Сотировски е роден во тетовското село Стенче на 16 октомври 1908 година. Тој имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на селото му донел на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Играл фудбал во Белградскиот спортски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–[1941]). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 година, со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија (19281931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот ЈугославијаРоманија 3:1 (3:0) во Белград на 6 мај 1928. Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања[2].

Наводи

Надворешни врски