Крумхерн

Крумхерн (германски: Krummhörn) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу устието на реката Емс, околу 15 километри југозападно од градот Норден и 10 километри северозападно од безокружниот град Емден.

Крумхерн
Пристаништето во Гретзил
Пристаништето во Гретзил
Пристаништето во Гретзил
Грб на Крумхерн
Крумхерн во рамките на Германија
Крумхерн
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругАурих
Месни единици19 окрузи
ГрадоначалникХилке Лоден (независен)
Основни податоци
Површина159,2 км2
Надм. височина0 м
Население11.832 (31 декември 2020)[1]
 - Густина74 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.AUR
Пошт. бр.26736
Повик. бр.04923, 04926, 04927
Порталwww.krummhoern.de
Местоположба на Крумхерн во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати53°26′0″N 7°05′0″E / 53.43333° СГШ; 7.08333° ИГД / 53.43333; 7.08333

Географија

Општината се наоѓа непосредно на реката Емс, која се влива во Северното Море западно од местото. Административното седиште на општината, Певзум, се наоѓа околу 10 километри северозападно од безокружниот град Емден и 15 километри јужно од градот Норден. Окружниот град Аурих се наоѓа околу 26 километри источно од местото. Со површина од 159,2 квадратни километри, Крумхерн е петта најголема општина во Источна Фризија и втора најголема во округот Аурих.

Општински единици

Општината Крумхерн се состои од деветнаесет единици, кои до општинската реформа во 1972 година биле самостојни општини. Секоја од овие поранешни општини се состои од повеќе имоти/места, вкупно повеќе од 150.

Општината се состои од следниве места (бр. на жители на 31 декември 2018 г.):

  • Кампен (492)
  • Канум (249)
  • Ајлзум (569)
  • Фрепзум (382)
  • Гретзил (1328)
  • Гримерзум (534)
  • Гротхузен (448)
  • Хамсверум (472)
  • Јенелт (359)
  • Локвард (586)
  • Манслагт (409)
  • [Певзум (3202)
  • Пилзум (536)
  • Ризум (644)
  • Уплевард (364)
  • Утум (485)
  • Висквард (693)
  • Волцетен (202)
  • Воквард (186)

Главното место – и со околу 3.200 жители најголемо место – во општината е Певзум. Гретзил (1.328 жители) поседува туристички потенцијал.

Останатите 17 села се значително помали.

Соседни општини

Крумхерн се граничи на север со градот Норден, на исток со општината Остел, една ексклава на општината Упгант-Шот и со општината Вирдум (сите три во општинската заедница Брокмерланд). На југоисток се граничи со општината Хинте. Сите овие места се наоѓаат во округот Аурих. На југ општината се граничи со безокружниот град Емден, а западно од Крумхерн се наоѓа Емс.

На спротивниот брег од Емс се наоѓа холандскиот брег помеѓу градот Делфзејл и Емсхавен.

Заштитени подрачја

На северозападниот раб од Крумхерн кај Гретзил се наоѓа заштитеното подрачје „Лајхерн“, кое зафаќа површина од 650 хектари.[2]

Галерија

Наводи

Надворешни врски