Криј

Во старогрчката митологија, Криј (старогрчки: Κρεῖος [1]/Κριός Kríos или Kreios) или на латински Crius е Титан, син на Уран (Небо) и Геја (Земја).

Криј
Член на Титаните
Бог на соѕвездијата
ЖивеалиштеТартар
БиткиТитаномахија
СопружникЕврибија
РодителиУран и Геја
Браќа/сестри
ДецаАстреј, Палас, Персис
Теми во Старогрчка митологија
Богови
Херои
Поврзано

Мит

Криј е Титан, син на Уран (Небо) и на Геја (Земјата). Според Хесиод, тој бил женет со неговата полусестра Еврибија, ќерка на Геја и на Понт (Морето), од која ги добил децата Астреј, Палас и Персис. Павзаниј го наведува и Питон како негов син.

Во тек на Титаномахијата, по десетгодишна војна[2], Криј бил затворен во Тартар од страна на Зевс, кога Титаните изгубиле против олимписките богови помогнати од Киклопите и Хекатонхирите советувани од Геја.

Потекло на поимот

Иако "криос" бил старогрчки збор за "овен"[3], хтоничната положба на Титанот во подземниот свет не го поврзува со соѕвездието Овен (Ариес), во зодијакот. Соѕвездието Овен е првото видливо соѕвездие на небото во пролетната сезона, означувајќи го почетокот на новата година во старогрчкиот календар.

Поколение

Заедно со Еврибија, ќерката на Земјата (Геја) и Море (Понт), ги добил децата Астреј и Палас, како и Персис. Спојот на Астреј со Еос (Зората), довеле до Еосфор, другите ѕвезди и ветровите.

Во уметностите

Криј е главен лик во италијанскиот комичен филм Титани на Дучо Тесари во 1962, кој користи божества и јунаци од митологијата но измислува оригинална интрига. Криј, кој го глуми Џулијано Гема, е претставен како најслабиот но најпаметниот од сите Титани.[3].

Наводи

Библиографија

Старогрчки извори

  • Аполодор, Библиотека (I, 2-3 ; I, 8).
  • Диодор Сицилиски, Историска библиотека (V, 66, 1).
  • Хесиод, Теогонија (v. 132-133, 207 et 375).
  • Хомерови химни  (IV за Хермес v. 100).
  • Павзаниј, Опис на Грција (X, 6, 5).