Критериум ди Дофине 2013

Критериум ди Дофине 2013 било 65. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине; трка организирана од Amaury Sport Organisation, дел од Светската турнеја. Трката се состоела од осум етапи, започнувајќи го Шампери на 2 јуни, прв почеток на трката во Швајцарија и завршувајќи во Ризул на 9 јуни и била шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја 2013. Дофине била гледана како одлична подготовка за јулскиот Тур де Франс и голем број на фаворити за генералниот пласман на Тур учествувале на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и поединечен хронометар сличен во должина на Тур.[2]

Критериум ди Дофине 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 16 од 28
Детали за трката
Датум(и)2–9 јуни 2013
Етапи8
Растојание1.136,5 км
Време29ч 28' 46" (23,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Крис Фрум (Велика Британија)(Тим Скај)
Втор Ричи Порт (Австралија)(Тим Скај)
Трет Даниел Морено (Шпанија)(Катјуша)

Бодовен Џани Мерсман (Белгија)(Омега Парма-Квик Степ)
Планински Тома Дамизо (Франција)(Аргос-Шимано)
Младински Роан Денис (Австралија)(Гармин-Шарп)
ЕкипенТим Скај
2012
2014

Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај[3], трета година по ред екипата ја освојува трката, откако Бредли Вигинс ја освоил трката во 2011 и 2012, преземајќи го водството на трката по освојувањето на петтата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката за победа на четвртата етапна трка во сезоната 2013.[4] На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 58 секунди пред второпласираниот и негов колега Ричи Порт,[3] помошник за Фрум на планинските етапи. Подиумот бил заокружен со возачот на Даниел Морено од Катјуша, кој завршил 74 секунди зад Порт и две минути и 12 секунди зад Фрум.[5]

На другите пласмани на трката, возачот на Гармин-Шарп Роан Денис бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на осмото место во генералниот пласман.[6] И покрај тоа што не освоил ниедна етапа на трката, Џани Мерсман од Омега Парма-Квик Степ ја освоил зелената маичка,[7] како победник на бодовниот пласман, додека црвено-белата точкаста маичка за планинскиот пласман ја освоил возачот на Аргос-Шимано Тома Дамизо.[8] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред со над дванаесет минути предност пред втората најдобра екипа Тим Саксо-Тинкоф.[3]

Екипи

Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека четири други екипи добиле специјални покани,[9] и со тоа била создадена главната група од 22 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[10][11] Бидејќи Катјуша не биле првично поканети на трката,[12] организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и три.[13]

Во текот на Џиро д’Италија, Силвен Жорж бил позитивен на тестот за вазодилаторен хептаминол,[14] по седмата етапа; неговиот позитивен тест бил втор за возач од екипата Аг2р-Ла Мондијал во текот на една година, откако Стив Унар бил позитивен за гликобелковинскиот хормон еритропоетин (ЕПО) во тест надвор од сезоната во септември 2012.[15] Бидејќи екипата била член на Движењето за чесен велосипедизам, вториот позитивен тест значел, дека според одредбите на движењето, тие морале да престанат со тркање во период од осум дена.[16] Иако екипата доброволно се повлекла од Дофине, поминала без парична казна,[17] која можеле да ја добијат поради одбивање да настапат на настан од Светската турнеја, што е спротивно на одредбите на UCI. Така, групата повторно била намалена на 22 екипи.

Дваесет и двете екипи кои настапиле на трката биле:[18]

Помеѓу 176. возачи кои ја започнале трката се наоѓал само еден поранешен победник на трката; Алехандро Валверде, победник на трката во 2008 и 2009, предводувајќи го Мовистар Тим на Критериум ди Дофине.[19]

Распоред

Рутата за трката била објавена на 15 април 2013.[2]

ЕтапаРутаДолжинаВидДатумПобедник
1Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија)121 км Среднопланинска етапа2 јуни  Давид Вејо (КАН)
2Шател до Ојонакс191 км Рамна етапа3 јуни  Елија Вивијани (ИТА)
3Амбере ан Буже до Тарар167 км Рамна етапа4 јуни  Едвалд Боасон Хаген (НОР)
4Вилар ле Домб до Парк де Езео32,5 км Поединечен хронометар5 јуни  Тони Мартин (ГЕР)
5Грези сир Екс до Валморел139 км Среднопланинска етапа6 јуни  Крис Фрум (ВБР)
6Ла Лешер до Гренобл143 км Рамна етапа7 јуни  Тома Веклер (ФРА)
7Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу187,5 км Среднопланинска етапа8 јуни  Самуел Санчес (ШПА)
8Систерон до Ризул155,5 км Среднопланинска етапа9 јуни  Алесандро Де Марки (ИТА)

Етапи

Етапа 1

2 јуни 2013 — Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија), 121 км[20]
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
ВозачЕкипаВреме
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар3ч 17' 35"
2  Џани Мерсман (БЕЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 1' 56"
3  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг+ 1' 57"
4  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 1' 57"
5  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај+ 1' 57"
6  Анхел Мадразо (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 1' 57"
8  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
9  Тони Галопен (ФРА)РадиоШек-Леопард+ 1' 57"
10  Леополд Кениг (ЧЕШ)Тим НетАп-Ендура+ 1' 57"

Етапа 2

3 јуни 2013 — Шател до Ојона, 191 км[21]
Резултат од етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Елија Вивијани (ИТА)Канондејл4ч 39' 15"
2  Џани Мерсман (БЕЛ)Омега Парма-Квик Степи.в.
3  Тони Галопен (ФРА)РадиоШек-Леопарди.в.
4  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР)Аргос-Шиманои.в.
5  Антони Геслен (ФРА)ФДЖи.в.
6  Арминдо Фонсека (ФРА)Бретањ-Сеше анвиронмани.в.
7  Брам Танкинк (ХОЛ)Бланко Про Сајклинги.в.
8  Варан Баргиј (ФРА)Аргос-Шиманои.в.
9  Хуан Антонио Флеча (ШПА)Вакансолел-ДКМи.в.
10  Весли Салцбергер (АВС)Орика-ГринЕЏи.в.
Генерален пласман по етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар7ч 56' 50"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 1' 56"
3  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард+ 1' 57"
4  Варан Баргиј (ФРА)Аргос-Шимано+ 1' 57"
5  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 1' 57"
7  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај+ 1' 57"
8  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 1' 57"
9  Анхел Мадразо (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
10  Герајнт Томас (ВБР)Тим Скај+ 1' 57"

Етапа 3

4 јуни 2013 — Амбери ан Буже до Тарар, 167 км[22]
Резултат од етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Едвалд Боасон Хаген (НОР)Тим Скај4ч 03' 32"
2  Мајкл Метјус (АВС)Орика-ГринЕЏи.в.
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степи.в.
4  Тор Хушовд (НОР)Аксент Џобс-Вантии.в.
5  Елија Вивијани (ИТА)Канондејли.в.
6  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР)Аргос-Шиманои.в.
7  Насер Буани (ФРА)ФДЖи.в.
8  Паул Фос (ГЕР)Тим НетАп-Ендураи.в.
9  Силвен Шаванел (ФРА)Омега Парма-Квик Степи.в.
10  Франческо Гаваци (ИТА)Астанаи.в.
Генерален пласман по етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар12ч 00' 22"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 1' 56"
3  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард+ 1' 57"
4  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
5  Варан Баргиј (ФРА)Аргос-Шимано+ 1' 57"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 1' 57"
7  Герајнт Томас (ВБР)Тим Скај+ 1' 57"
8  Анхел Мадразо (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 57"
9  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 1' 57"
10  Алберто Контадор (ШПА)Тим Саксо-Тинкоф+ 1' 57"

Етапа 4

5 јуни 2013 — Вилар ле Домб до Парк де Езео, 32,5 км, поединечен хронометар (ITT)[23]
Резултат од етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Тони Мартин (ГЕР)Омега Парма-Квик Степ36' 54"
2  Роан Денис (АВС)Гармин-Шарп+ 47"
3  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај+ 52"
4  Џонатан Кастровјехо (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 08"
5  Михал Квијатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 1' 13"
6  Едвалд Боасон Хаген (НОР)Тим Скај+ 1' 19"
7  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 1' 20"
8  Јан Барта (ЧЕШ)Тим НетАп-Ендура+ 1' 36"
9  Марко Пиноти (ИТА)Аксент Џобс-Ванти+ 1' 38"
10  Герајнт Томас (ВБР)Тим Скај+ 1' 42"
Генерален пласман по етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп12ч 40' 00"
2  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај+ 5"
3  Михал Квијатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 26"
4  Едвалд Боасон Хаген (НОР)Тим Скај+ 32"
5  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 33"
6  Герајнт Томас (ВБР)Тим Скај+ 55"
7  Давид Вејо (КАН)Тим Јуропкар+ 1' 09"
8  Леополд Кениг (ЧЕШ)Тим НетАп-Ендура+ 1' 11"
9  Стеф Клемент (ХОЛ)Бланко Про Сајклинг+ 1' 14"
10  Андриј Гривко (УКР)Астана+ 1' 26"

Етапа 5

6 јуни 2013 — Грези сир Екс до Валморел, 139 км[24]
Резултат од етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај3ч 28' 39"
2  Алберто Контадор (ШПА)Тим Саксо-Тинкоф+ 4"
3  Метју Буше (САД)РадиоШек-Леопард+ 4"
4  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 10"
5  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 12"
6  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 12"
7  Реин Тарамае (ЕСТ)Кофидис+ 12"
8  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 21"
9  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 24"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 29"
Генерален пласман по етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај16ч 08' 44"
2  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 52"
3  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп+ 54"
4  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 1' 37"
5  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 1' 47"
6  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 1' 49"
7  Реин Тарамае (ЕСТ)Кофидис+ 1' 52"
8  Михал Квијатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 1' 58"
9  Леополд Кениг (ЧЕШ)Тим НетАп-Ендура+ 2' 16"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 2' 20"

Етапа 6

7 јуни 2013 — Ла Лешер до Гренобл, 143 км[25]
Резултат од етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Тома Веклер (ФРА)Тим Јуропкар3ч 24' 13"
2  Хосе Ерада (ШПА)Мовистар Тими.в.
3  Кевин Селдрејерс (БЕЛ)Астанаи.в.
4  Егор Силин (РУС)Астанаи.в.
5  Едвалд Боасон Хаген (НОР)Тим Скај+ 46"
6  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 46"
7  Франческо Гаваци (ИТА)Астана+ 46"
8  Весли Салцбергер (АВС)Орика-ГринЕЏ+ 46"
9  Арно Жерар (ФРА)Бретањ-Сеше анвиронман+ 46"
10  Михал Квијатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 46"
Генерален пласман по етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај19ч 33' 43"
2  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 52"
3  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп+ 54"
4  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 1' 37"
5  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 1' 47"
6  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 1' 49"
7  Реин Тарамае (ЕСТ)Кофидис+ 1' 52"
8  Михал Квијатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 1' 58"
9  Леополд Кениг (ЧЕШ)Тим НетАп-Ендура+ 2' 16"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 2' 20"

Етапа 7

8 јуни 2013 — Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу, 187,5 км[26]
Резултат од етапа 7
ВозачЕкипаВреме
1  Самуел Санчес (ШПА)Еускалтел-Еускади5ч 26' 14"
2  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астанаи.в.
3  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 15"
4  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 16"
5  Стеф Клемент (ХОЛ)Бланко Про Сајклинг+ 16"
6  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 16"
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај+ 16"
8  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 16"
9  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 16"
10  Алберто Контадор (ШПА)Тим Саксо-Тинкоф+ 23"
Генерален пласман по етапа 7
ВозачЕкипаВреме
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај25ч 00' 13"
2  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 51"
3  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 1' 37"
4  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 1' 47"
5  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 1' 49"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 2' 04"
7  Стеф Клемент (ХОЛ)Бланко Про Сајклинг+ 2' 32"
8  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 2' 47"
9  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп+ 2' 48"
10  Алберто Контадор (ШПА)Тим Саксо-Тинкоф+ 2' 56"

Етапа 8

9 јуни 2013 — Систерон до Ризул, 155,5 км[27]
Резултат од етапа 8
ВозачЕкипаВреме
1  Алесандро Де Марки (ИТА)Канондејл4ч 28' 09"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај+ 24"
3  Ендру Талански (САД)Гармин-Шарп+ 24"
4  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 31"
5  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 38"
6  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 49"
7  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 49"
8  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 49"
9  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 55"
10  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп+ 1' 00"
Краен генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај29ч 28' 46"
2  Ричи Порт (АВС)Тим Скај+ 58"
3  Даниел Морено (ШПА)Катјуша+ 2' 12"
4  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана+ 2' 18"
5  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 2' 20"
6  Мајкл Роџерс (АВС)Тим Саксо-Тинкоф+ 3' 08"
7  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 3' 12"
8  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп+ 3' 24"
9  Самуел Санчес (ШПА)Еускалтел-Еускади+ 4' 25"
10  Алберто Контадор (ШПА)Тим Саксо-Тинкоф+ 4' 27"

Поредок

На Критериум ди Дофине 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[28] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[28] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[28]

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкаста маичка.[28] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[28] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[28]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[28] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1988. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[28]

ЕтапаПобедникГенерален пласман

Планински пласман

Бодовен пласман

Пласман за млад возач

Екипен пласман

1Давид ВејоДавид ВејоДавид ВејоДавид ВејоТом-Јелте СлагтерТим Јуропкар
2Елија ВивијаниТома ДамизоЏани МерсманТони Галопен
3Едвалд Боасон Хаген
4Тони МартинРоан ДенисРоан ДенисТим Скај
5Крис ФрумКрис Фрум
6Тома Веклер
7Самуел Санчес
8Алесандро Де Марки
На крајКрис ФрумТома ДамизоЏани МерсманРоан ДенисТим Скај

Наводи

Надворешни врски