Крис Хорнер

Друмски велосипедист

Кристофер Брендон „Крис“ Хорнер (англиски: Christopher Brandon "Chris" Horner; р. 23 октомври 1971) — поранешен американски професионален друмски велосипедист,[3] кој возел професионално во периодот 1996-2019 и е најнеодамнешен американски возач кој освоил некоја голема трка.

Крис Хорнер
Хорнер на Трката околу Калифорнија 2011
Лични податоци
Цело имеКристофер Брендон Хорнер
ПрекарХорнет, Вториот најдобар качувач во светот[1]
Роден23 октомври 1971(1971-10-23)(52 г.)
Окинава, Јапонија
Висина1,80 м[2]
Маса70 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
1993
1994–1996
Лајт Биар
Нутра Фиг
Професионални клубови
1997–1999
2000–2001
2002
2003
2004
2005
2006–2007
2008–2009
2010–2011
2012–2013
2014
2015
2016
2018-2019
Франсес де же
Меркури
Прајм Алијанс
Сатурн
Вебкор Билдерс
Соние Дувал-Продир
Давитамон-Лото
Астана
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Лампре-Мерида
Ергас-Сејфвеј
Лупус Рејсинг Тим
Тим Илуминејт
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2013)
Комбиниран пласман (2013)
2 поединечни етапи (2013)

Етапни трки

Тур де Лангкави (2000)
Трка околу Џорџија (2003)
Трка околу Баскија (2010)
Трка околу Калифорнија (2011)

Живее во Бенд (Орегон)[4] и доминирал во американскиот друмски велосипедизам со освојувањето на бодовните пласмани на Велосипедскиот национален календар САД во 2002, 2003 и 2004.[5] Тој е моментален првак на Вуелта а Еспања, победувајќи на изданието во 2013, со тоа станувајќи најстариот победник некогаш на некоја голема трка во велосипедизмот.[6]

Кариера

ПАА-НутраФиг (1995–1996)

Хорнер станал професионалец во 1995 со тимот ПАА-НутраФиг.[7] Ја забележал неговата прва поголема победа на етапа на Тур ДуПон во 1996.

Франсе де Жу (1997–1999)

Потоа бил повикан да вози во Европа кај француската екипа Франсес де же. Од 1997 до 1999 имал три фрустрирачки години со оваа екипа.

Меркури, Прајм Алијанс, Сатурн и Вебкор (2000–2004)

Во 2000 се вратил во Америка да се врати на домашната кариера, возејќи со Меркури во 2000, Прајм Алијанс во 2002, Сатурн во 2003 и Вебкор Билдерс во 2004. Хорнер ја освоил скоро секоја поважна трка во американскиот календар, со исклучок на националните првенства.

Соние-Дувал (2004–2005)

Хорнер одлучил да се премести во Соние Дувал-Продир, по завршувањето во првите десет на Светското друмско првенство UCI 2004, бидејќи сакал да учествува на Тур де Франс. Откако се повредил на почетокот на 2005, Хорнер се покажал во силно издание на американските првенства и ја освоил неговата прва поголема европска победа со освојување на шестата етапа на Тур де Свис 2005. Потоа го заслужил неговото место во тимот за Тур де Франс 2005 и скоро победил на етапата 13, кога тој и Силвен Шаванел одбиле да соработуваат во последните километри и биле фатени од групата.

Давитамон и Предиктор (2006–2007)

Тој се преместил во екипата на белгиската екипа Давитамон-Лото во сезоната 2006. Освоил етапна победа на Тур де Романди[8] и ја завршил трката на седмото место. На Тур де Франс 2006 и на Тур де Франс 2007, Хорнер бил еден од најважните помошници за фаворитот за генерален пласман Кедел Еванс,[9][10] кој завршил меѓу првите пет на двете изданија.

За 2007 година, Хорнер потпишал со Ед Крал Рејсинг за велокрос сезона.

Астана (2008–2009)

Во 2008, Хорнер се преселил во Астана.[11] Хорнер го добил прекарот „Насмевнатиот“ за неговите спокојни изрази на среќа, дури и во најтешките физички предизвици и „Јаху-кид“ за неговите бурни извици по освојување на трката. Неговите колеги Леви Лајпхајмер и Ленс Армстронг го викале „Црвенокосиот“.

На велосипедскиот класик Каскада 2008, Хорнер го довел Бил Демонг со неговиот скршен велосипед (кој бил од друг тим) до целта.[12][13]

РадиоШек (2010–2011)

2010

Хорнер ја освоил четвртата етапа на Трката околу Калифорнија 2011, пред да ја освои и целата трка.

На 4 октомври 2009 било потврдено дека Хорнер ќе настапува за Тим РадиоШек во следните две сезони.[14][15] Во една од неговите најсилни сезони, Хорнер станал прв во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко (Трка околу Баскија), вклучувајќи и критичната шеста етапа на поединечен хронометар, поразувајќи го Алехандро Валверде. Хорнер исто така влегол во првите 10 места на Пролетните класици Флеш Валон, Лиеж-Бастон-Лиеж и Амстел Голд. Тој и неговите колеги од РадиоШек постигнале добри резултати на Трката околу Калифорнија 2010, особено Хорнер, кој прикажал силно издание на целата трка, а на последната етапа од трката бил член на групата која постигнала разлика пред главната група. Хорнер завршил четвртти во генералниот пласман, 1 минута и 4 секунди зад победникот Мајкл Роџер и само 39 секунди зад тимскиот колега Леви Лајпхајмер. Неговата добра форма се докажала со освојувањето на 10-то место во крајниот пласман на Тур де Франс, како првопласиран американски возач, и покрај тоа што во првите етапи се обидел да му дава поддршка на неговиот капитен Ленс Армстронг.

2011

Во 2011 Хорнер го продолжил успехот на Трката околу Баскија со освојувањето на второто место,[16] како и четвртото на Волта а Каталуња. Потоа во мај, Хорнер го постигнал најголемиот резултат во неговата кариера со освојувањето на етапната трка Трка околу Калифорнија 2011. Забележал соло-победа на четвртата етапа, по направената предност на планинската етапа во Сан Хосе.[17] Го одржал неговото водство и ја носел жолтата маичка до кралската етапа на трката, каде дошол до победа со неговиот тимски колега Леви Лајпхајмер преку бегство, со што го зацврстил водството и со 39 години станал најстариот возач во историјата, кој ја победил трката.[18][19] Неговото учество на Тур де Франс 2011 било кратко, откако учествувал во една несреќа.

РадиоШек-Нисан-Трек (2012-2013)

2012

Во 2012 година, Хорнер потпишал со РадиоШек-Нисан. Ја започнал Тирено-Адријатико како прва трка во сезоната, каде завршил како втор откако го изгубил водството на завршниот хронометар од Винченцо Нибали.[20] Потоа завршил осми на Трката околу Калифорнија, неуспевајќи да ја одбрани титулата од минатата година. Возел и на Тур де Франс, каде завршил 13. во генералниот пласман, откако покажал добра форма на планинските етапи.

2013

Јас сум професионалец скоро 20 години поради што ова претставува цел живот напорна работа. Голема трка е секогаш цел за велосипедист, за да докаже колку добар возач си. Спомените ќе траат вечно и возачите со кои бев беа прекрасни и мојата екипа беше фантастична.

Крис Хорнер по победата на Вуелта а Еспања 2013, The Daily Telegraph[21]

По повредата на почетокот од 2013, Хорнер се вратил на трките со освојување на етапата 5 на Трката околу Јута и завршувајќи на второто место во генералниот пласман. По неполни три недели, на третата етапа на Вуелта а Еспања 2013, Хорнер нападнал во последниот километар за победа на етапата и преземање на водството во трката. Со ова, станал најстариот возач во историјата (41 година и 307 дена), кој освоил етапа и ја носел водечката маичка на некоја голема трка.[22] Повторно победил на десеттата етапа, уште една завршница на нагорнина, повторно преземајќи го водството[23] и поставил нов рекорд за најстар возач (41 година и 314 денови), кој освоил етапа на некоја голема трка. Го изгубил водството на трката на следната етапа од Винченцо Нибали,[24] и паднал на четвртото место во генералниот пласман; меѓутоа, стигнал до второто место во пласманот – 50 секунди зад Нибали – пред завршната седмица на трката.[25] Го намалил водството на Нибали за 22 секунди на етапата 16,[26] и 25 секунди за етапата 18, доцнејќи само 3 секунди.[27] Шест секунди пресврт се случил на етапата 19[28] со што Хорнер прешол во предност од три секунди на претпоследната етапа, која завршила на легендарното искачување Алто де л’Англиру, едно од најтешките качувања во велосипедизмот.

Нибали – кој сакал да го заокружи двоецот Џиро-Вуелта[29] – се обидел да се оддалечи од Хорнер неколку пати на планинската етапа до Англиру каде обожавателите биле густо собрани, а поради стрмните делови немало телевизиски пренос неколку минути. Но, Хорнер одговорил на секој напад пред на крајот да го помине Нибали на кривина со наклон од над 20% на само еден преостанат километар. Меѓутоа, Хорнер продолжил да ја зголемува разликата до 28 секунди до целта. Второто место му донело и временски бонус со што имал победничка разлика од 37 секунди пред Нибали и Крис Хорнер ја освоил Вуелта а Еспања.[30] Тоа била единствена победа на некоја голема трка во неговата 20-годишна професионална кариера и со освојувањето на оваа трка станал најстар победник на некоја голема трка некогаш.[31][32]

Го напуштил РадиоШек-Леопард на крајот на сезоната, бидејќи истекол неговиот договор. Чувствувал дека вредел повеќе отколку што екипата била спремна да му понуди.

Лампре-Мерида (2014)

Хорнер се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[33] Во април, додека тренирал во Италија за Џиро д’Италија 2014, бил удрен од автомобил кој подоцна избегал од настанот. Хорнер имал пукнато белодробно крило и скршени ребра, нарушувајќи го неговиот настап[34] на Џиро д’Италија 2014. Избрал да не настапи на Џирото; на 30 јуни 2014, Хорнер бил именуван во екипата на Лампре за Тур де Франс 2014, каде Руј Кошта бил предводник на екипата.[35]

Завршил втор на планинската Трка околу Јута[36] која му била подготовка за Вуелта а Еспања 2014. Меѓутоа, Хорнер се повлекол од Вуелта пред првата етапа поради неговото ниво на кортизол кое било под границата сметано за здраво. Објавата следела по употребата на Хорнер на кортизон на рецепт по терапевтското закрепнување по бронхитот.[37]

Лампре-Мерида не го продолжиле договорот на Хорнер и во декември 2014 година објавил дека потпишал договор со континенталната екипа Ергас-Сејфвеј за 2015 година.[38]

Тим Илуминејт (2018–2019)

Во јуни 2018 година, Хорнер се вратил на трките за националното друмско првенство, возејќи за Тим Илуминејт. Изјавил дека го надминал бронхитот кој го нарушил крајот на неговата кариера, поради која се вратил на трките.[39] Меѓутоа, на крајот не ја завршил друмската трка.[40]

Медиумска кариера

Во 2019 година, Хорнер станал дел од медиумската куќа NBC за нивниот пренос на Тур де Франс, каде бил коментатор,[41] а во август 2020 година започнал своја емисија на Јутјуб наречена 'The Butterfly Effect'.[42]

Достигнувања

1996
1. Класик Ланкастер
1. Етапа Тур ДуПон
2. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
3. Краен пласман Класик Фичбург
3. Национално друмско првенство
1997
3. ГП Западна Франција
3. Невада Сити Класик
1998
7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант ет де ла Вјен
9. Гран при де Насионс
1999
9. Краен пласман Сиркут де Мин
2000
1. Краен пласман Тур де Лангкави
1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
8. Краен пласман Критериум Интернасионал
8. Рут Адели де Витре
2001
2. Краен пласман Класик Каскада
1. Етапа 3
5. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 5
2002
1. Велосипедски национален календар САД
1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Краен пласман Класик Си Отер
1. Етапа 3
1. Краен пласман Гран при Нејчр Вали
1. Етапа 3
1. Краен пласман Класик Фичбург
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Класик Каскада
9. ГП Сан Франциско
2003
1. Велосипедски национален календар САД
1. Краен пласман Трка околу Џорџија
1. Планински пласман
1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. ГП Сан Франциско
1. Етапа 4 Класик Каскада
2. Класик Фичбург
1. Етапа 2
1. Етапа 3
3. Краен пласман Класик Си Отер
9. Класик Ланкастер
2004
1. Велосипедски национален календар САД
1. Краен пласман Класик Си Отер
1. Етапа 2
1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 1а (ITT)
1. Етапа 1б
1. Етапа 2
1. Краен пласман Тур де Туна
3. Краен пласман Трка околу Џорџија
8. Светско друмско првенство
2005
3. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 6
6. Класик Ланкастер
2006
7. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 2
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Краен пласман Париз-Ница
2007
3. Џиро дел’Емилија
5. Краен пласман Тур де Романди
5. Копа Сабатини
10. Џиро ди Ломбардија
2008
7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Џиро ди Ломбардија
2009
2. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Бодовен пласман
2010
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 6 (ITT)
2. Краен пласман Џиро ди Сардења
4. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Критериум Интернасионал
7. Флеш Валон
7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
8. Краен пласман Тур де Франс
9. Краен пласман Критериум ду Дофине
10. Амстел Голд Рејс
2011
1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Волта а Каталуња
2012
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Трка околу Јута
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
9. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 10
2. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 5
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
2014
2. Краен пласман Трка околу Јута
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
2015
4. Краен пласман Трка околу Азербејџан
5. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Трка околу Јута
7. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
9. Краен пласман Трка Џила
2016
9. Краен пласман Трка Џила

Распоред на резултатите во генералниот пласман

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка19981999200020012002200320042005200620072008200920102011201220132014
ЏироСО
Тур3361148СО1317
/ Вуелта2036СО1
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка19981999200020012002200320042005200620072008200920102011201220132014
/ Париз-Ница65102449
Тирено-АдријатикоСО26СО
Волта а Каталуња583СОСО
Трка околу БаскијаСО31СО41СО129
/ Тур де Романди439375
Критериум ди Дофине34СО9
Тур де СвисСОСО542

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски