Крајслер (зграда)
Chrysler Building (транс. Крајслер Билдинг) е облакодер во ар деко стил, сместена на источната страна на Менхетн во Тртл беј ареата во пресекот на 42та Улица и авенијата Лексингтон. Таа е висока 319,5 метри и 11 месеци беше највисоката зграда сè додека местото не го зазема Емпаер Стејт Билдинг во 1931 година.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/05/Chrysler_Building_2005_3.jpg/220px-Chrysler_Building_2005_3.jpg)
Историја
Првобитно изградена за Крајслер Корпорацијата, зградата сега е во сопственост на корпорацијата TMW Real Estate(75%) и Tishman Speyer Properties(25%). Крајслер зградата е првиот објект во светот што ја поминал висината од 1000 стапки(305 метри). Засега е на третото место по висина во Њујорк. Зградата ја проектирал архитектот Вилијам Ван Ален(1883-1954). Нејзината стеснета купола од челик што нерѓосува остава впечатлива слика на небото над Менхетн. Голем дел од нејзините футуристички украси биле определени од нејзиниот сопственик Волтер П. Крајслер.
Галерија
- Зградата Крајслер во 1932 г.
- Детаљ од ар деко стил на покривот.
- Зградата Крајслер и источниот дел на Среден Менхетн.