Царче

(Пренасочено од Кралчиња)
Царчиња
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Птици
Ред:Врапчевидни
Подред:Песнопојни
Семејство:Царчиња
Род:Царче
Cuvier, 1800
Видови

Види го текстот.

Царчето (науч. Regulus) — една од најмалите птици во Македонија. Овој род припаѓа на сопственото семејство царчиња (Regulidae), во состав на песнопојните.

Облик

Има дебело кусо тело и тенок шилест клун. Горната страна од телото е покриена со темнокафеави пердуви, а крилјата и многу тенката исправена опашка се пругави. Градите и стомакот се посветли. Не е подолго од 10 см.