Костиљоле д'Асти

Костиљоле д'Асти (пиемонтски: Costiòle d'Ast) ― мала паланка (гратче) во Италија во покраината Асти, јужен Пиемонт. Се наоѓа јужно од градот Асти во Монферато, на работ на Ланге, во алувијалната рамнина на реката Танаро јужно во ридовите. Името потекнува од латинскиот назив Corte Costeliolae.

Костиљоле д'Асти
Costiòle d'Ast (пиемонтски)
општина
Општина Костиљоле д'Асти
Comune di Costigliole d'Asti
Грб на Костиљоле д'Асти
ЗемјаИталија
РегионПиемонт
ПокраинаАсти (AT)
ПоделоциАнунцјата, Бјонзо, Бољето, Бурио, Казе Маркизио, Лорето, Мота, Сабионаси, Санта Маргерита, Сант'Ана
Управа
 • ГрадоначалникЏовани Бориеро
Површина
 • Вкупна36,86 км2 (1,423 ми2)
Надм. вис.&10000000000000242000000242 м
Население (31 мај 2007[1])
 • Вкупно5.981
 • Густина1,6/км2 (4,2/ми2)
ДемонимКостиљолеси
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.14055
Повик. бр.0141
Светец-заштитникНашата Дама од Лорето
Слава10 декември
Мреж. местоМатична страница

Соседните комуни се Аљано Терме, Антињано, Калосо, Кастањоле дело Ланзе, Изола д’Асти, Монтегросо д’Асти и Сан Мартино Алфиери (во покраината Асти); и Кастиљоне Тинела и Говоне (во покраината Кунео).

Вино

Костиљоле д'Асти е особено познат по лозарството. Неговите лозја, кои зафаќаат површина од повеќе од 11,75 км, се најобемни од која било од пиемонтските комуни.[2][3]

Црвени вина

Главни сорти на грозје се одгледува Барбера, Долчето, Грињолино, Фрејза и Бракето. Вината означени за контролирано потекло (Denominazione di Origine Controllata) кои се произведени од овие сорти се:

  • Барбера д’Асти
  • Барбера дел Монферато
  • Пиемонте Барбера
  • Монферато Долчето
  • Фрејза д’Асти
  • Грињолино д’Асти
  • Пиемонте Бракето

Бели вина

Грозјето Москато Бјанко се одгледува за производство на три вина означени за контролирано потекло:

  • Москато д’Асти DOCG
  • Асти DOCG
  • Пиемонте Москато пасито DOC

Сортите Кортезе и Шардоне се користат за две DOC вина:

  • Пиемонте Кортезе
  • Пиемонте Шардоне

Меѓународни односи

Грб на вајнсбершките збратимени градови Карињан (Франција) и Костиљоле д'Асти (Италија)

Збратимени градови - сестрински градови

Наводи

Надворешни врски