Коски на стапалата
Коските на нозете (латински: ossa metatarsalia) претставуваат пет долги коски кои го формираат докоренот на стапалото (латински: metatarsus).
Коски на нозете | |
---|---|
![]() Скелет на стапалото, метатарзални коски (зелен дел) | |
![]() Скелет на лево стапало, метатрзални коски (виолетов дел). | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | metatarsus ossa metatarsalia |
MeSH | A01.378.610.250.300.480 |
TA | A02.5.09.001 |
FMA | FMA:24492 |
Рспоред и поврзување
- Се бележат со редни броеви од медијалниот кон латералниот раб на стапалото;
- со задните краеви се зглобуваат со тарзалните коски, а со предните се зглобуваат со горните фаланги од прстите.
Заеднички одлики
Сите пет коски се состојат од:
- тело, така што се стеснува и во долниот дел е конкавно, а во горниот дел е малку конвексно;
- база или заден крај, од страна на соседната коска содржи груба дорзална и плантарна површина за прикачување на лигаментите;
- глава или преден крај претставува конвексна зглобна површина и овозможува премин на некои тетиви.
Коски на прстите
Во состав на коските на нозете се и коските на прстите од стапалото (латински: ossa digitorum pedis), кои се 14 долги коски или фаланги (латински: phalanges),распоредени во три дела (проксимален, среден и дистален) секој прст има по три фаланги, а палецот две фаланги.
Зглобови
Зглобови на прстите од стапалото (латински: articulationes metatarsophalangeae) ги поврзуваат метатарзалните коски со горните фаланги од прстите и вршат движење на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на прстите;
Мускули
Во стапалото се наоѓаат 20 мускули поделени на дорзални и плантарни:
- плантарните се делат на три групи: медијална, средна и латерална и дејствуваат како активни врски на сводовите од стапалото.
Галерија
- Метатарзални коски (зелен дел).
- Облик на метатарзалните коски.
- Коски на стапалото (метатарзални коски и фаланги).
- Дел од коските на ногата и целосен приказ на коските на стапалото.
- Изглед на првите метатарзални коски.
- Изглед на вторите метатарзални коски.
- Изглед на третите метатарзални коски.
- Изглед на четвртите метатарзални коски.
- Изглед на петтите метатарзални коски.
- Скелет на стапалото, метатарзални коски (жолт дел) и фаланги во проксимален (зелен дел), среден (син дел) и дистален дел (портокалов дел).
Надворешни врски
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајЕвропско првенство во фудбал 2024Весна ЈаневскаВладо МисајловскиКарлес ПуџдемонЗоран ЉутковСтефан АндоновскиМакедонијаТимчо МуцунскиМасакр во ВаташаСписок на змии во МакедонијаОче нашДуховденВтора светска војнаСкопјеГоран МинчевДржавни празници во МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаЗмијаКатегорија:Статии за средувањеЃорѓи МарјановиќЦар СамоилМакедонски парламентарни избори (2024)Плимна силаПоскокМРТ 1Свети Кирил и МетодијПоштенски броеви во МакедонијаМочуриштеАнтичка МакедонијаКурбан бајрамПовикувачки броеви во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБорко РистовскиАлександар III МакедонскиСловачкаЗадушницаАвтомобилски регистарски таблички во Македонија