Кингменовиот Гребен (англ.Kingman Reef) гребен во Тихиот Океан кој му припаѓа на САД како неприпоена територија. Се наоѓа околу 60 km севернозападно од атолот Палмира и околу 1.713 км југозападно од Хонолулу.
Американскиот капетан Едмунд Фанинг го пронашол гребенот на 14 јуни1798 со својот брод „Бетси“. Во неговата книгаVoyages and Travels („Патешествија и патувања“) тој го опишува како за малку ќе настрадал на гребенот, ако не почувствувал опасност и не застанал. На некои поморски карти се нарекува и „опасна карпа“.
Гребенот го добил името по поморскиот офицер В. Кингмен, кој прв стигнал на 29 октомври1853 со бродот „Шутинг Стар“. Своето откритие го напишал во септември 1855 во весникот „Пријател“ кој се издавал во Хонолулу. Тука ја нагласил опасноста од гребенот, особено ноќе, кога предоцна и се воочува.