Килски универзитет

Килски универзитет (германски: Christian-Albrechts-Universität zu Kiel) — универзитет во градот Кил, Германија. Бил основан во 1665 година како Академија Холсаторум Килониенсис (Academia Holsatorum Chiloniensis) од страна на Кристијан Албрехт, војвода на Холштајн-Готорп и денес има околу 24.000 студенти. Килскиот универзитет е најстар, најголем и најугледен универзитет во покраината Шлезвиг-Холштајн. До 1864/66 година не бил само најсеверниот универзитет во Германија, туку истовремено и втор најголем универзитет во Данска.

Килски универзитет
Christian-Albrechts-Universität zu Kiel
Печат на Килскиот универзитет
латински: Academia Holsatorum Chiloniensis
sive
Christiana Albertina
ГеслоPax optima rerum
На македонски
Мирот е најголемото добро
Видјавен
Основан1665
ПретседателГерхард Фуке
Административен кадар
2.175
Студенти24.108
МестоКил, Германија
Кампусурбан
Боивиолетова и бела          
www.uni-kiel.de

Историја

Војводата Кристијан Албрехт

Килскиот универзитет бил основан под името Кристијан Албертина на 5 октомври 1665 година од Кристијан Албрехт, војвода на Холштајн-Готорп. Граѓаните на градот Кил првично биле скептични околу претстојното доселување на студентите, мислејќи дека тоа би било „прилично неподносливо со нивната алчност, пиењето и нивното однесување“. Но, оние во градот кои ги сметале и економските предности на универзитет во градот победиле и така Кил станал најсеверен универзитет во германското Свето Римско Царство.

По 1773 година, кога Кил потпаднал под данска власт, универзитетот започнал да напредува, а кога Кил станал дел од Прусија во 1866 година, универзитетот нагло пораснал. Универзитетот ја отворил една од првите ботанички градини во Германија (сега Стара ботаничка градина Кил), а Мартин Гропиус проектирал многу од новите градби потребни за растечкиот број на студенти.

Академијата претставувала еден од првите германски универзитет кој го спровел „глајхшалтунг“ (усогласување) во 1933 година и се согласил да отстрани многу професори и студенти од школата, на пример Фердинанд Тенис или Феликс Јакоби. Во текот на Втората светска војна, Килскиот универзитет доживеал тешки оштетувања, а подоцна изграден на различно место со само неколку од старите градби, во кои е сместен медицинскиот факултет.

Факултет

Воздушен поглед на средишниот кампус
  • Факултет за теологија
  • Факултет за право
  • Факултет за бизнис, економија и општествени науки
  • Факултет за медицина
  • Факултет за уметност
  • Факултет за математика и природни науки
  • Факултет за земјоделски науки и исхрана
  • Факултет за инженерство

Познати луѓе

Завршиле тука

  • Франц Боас (1858–1942) — антрополог
  • Герхард Домаг — бактериолог, нобелов лауреат
  • Герхард Штолтенберг — политичар
  • Пер Штајнбрик — политичар
  • Ерих Валтер Штернберг — композитор

Наставен кадар

  • Валтер Андерсон
  • Јохен Блајкен
  • Хартмут Бокман
  • Фридрих Блуме
  • Ханс Герхард Кројцфелт
  • Паул Дојсен
  • Вилхелм Дилтај
  • Јохан Густав Дројсен
  • Јакоб Кристоф Рудолф Екерман
  • Карл-Дитрих Ердман
  • Фридрих фон Есмарх
  • Ханс Гајгер
  • Херберт Гирш
  • Вилхелм Гризингер
  • Бернхард Хармс
  • Хајнрих Херц
  • Алфред Хојс
  • Феликс Јакоби
  • Ото Јан
  • Август Лескин
  • Даниел Георг Морхоф
  • Даниел Паули
  • Ервин Роде
  • Ерих Шнајдер
  • Валтер Шикинг
  • Фердинанд Тенис
  • Хајнрих фон Трајчке
  • Ото Вернер
  • Рихард Зорге

Нобелови добитници

Постојат неколку добитници на Нобелова награда поврзани со Килскиот универзитет:

Наводи

Надворешни врски

54°20′20″N 10°07′21″E / 54.33889° СГШ; 10.12250° ИГД / 54.33889; 10.12250