Кејлеб Јуан

австралиски велосипедист

Кејлеб Јуан (англиски: Caleb Ewan; р. 11 јули 1994 во Сиднеј) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[2] Негова специјалност е спринтот. Има сличен стил на возење на Марк Кевендиш, со исклучително ниска положба[3] што му дава значајна аеродинамична предност.[4]

Кејлеб Јуан
Јуан на Трката околу Британија 2018
Лични податоци
Цело имеКејлеб Јуан
ПрекарЏебна ракета (The Pocket Rocket)
Роден11 јули 1994(1994-07-11)(29 г.)
Сиднеј, Австралија Австралија
Висина1,67 м[1]
Маса69 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Дстни
Дисциплинадрумски и велодромски
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2013–2014
2014
Џајко-АИС Академија
Орика-ГринЕЏ (стажант)
Професионални клубови
2014–2018
2019-
Орика-ГринЕЏ
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
5 поединечни етапи (2019, 2020)
Џиро д’Италија
5 поединечни етапи (2017, 2019, 2021)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2015)

Еднодневни трки и класици

ЈуроАјс Класик (2016)
Класика де Алмерија (2018)
Бриселски велосипедски класик (2019)
Схелдепрејс (2020)
ГП де Фурмје (2022)
Последна промена
20 октомври 2022

Животопис

Јуан е роден во Нов Јужен Велс во семејство на корејска мајка и австралиски татко. На осум години започнал да вози, поттикнат од неговиот татко, кој исто така бил велосипедист.[5] Јуан започнал со трки во велосипедизам на десет години. Во 2010 година станал национален јуниорски друмски првак. Следната година освоил повеќе дисциплини на националните јуниорски велодромски првенства и станал светски првак во омниум на Светското јуниорско велодромско првенство.

Во 2013 година, Јуан започнал да вози за Џајко-АИС Академија. Таа година ја освоил првата етапа како и генералниот пласман на Заливскиот класик. Исто така, победил на Ла Кот Пикард, Гран Премио Палио дел Речото и етапи на Тур Алзас, Трката околу Тирингија и Тур де л’Авенир. На крајот на годината завршил четврти на друмската трка под 23 години на Светското друмско првенство.

Јуан потпишал преддоговор со екипата Орика-ГринЕЏ во октомври 2013 година, приклучувајќи се на екипа од Светската турнеја како стажант од август 2014 година и како професионален од октомври.[6][7] На почетокот на август, пред да се приклучи на екипата, Јуан учествувал на друмската трка на Комонвелтските игри 2014, настапувајќи за Австралија. Австралиската репрезентација се обидела да ја контролира трката за спринт на Јуан, но не успеале во тоа. Откако се обидел да стигне сам до тројцата предводници, се повлекол назад и бил последен кој ја поминал целта; завршил на 12. место, над 11 минути зад освојувачот на златниот медал Герајнт Томас (Велс).[8]

Негови први професионални победи биле втората и третата етапа на Хералд Сан Тур 2015. Еден месец подоцна, на Тур де Лангкави ја освоил втората професионална победа и водството во генералниот пласман. Иако го загубил водството на трката, Јуан ја освоил втората етапа (трета победа во кариерата) и бодовниот пласман. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015,[9] каде ја освоил петтата етапа,[10] но се повлекол од трката на десеттата етапа.[11]

Во 2016 година, Јуан учествувал на Тур Даун Андер и ја освоил првата етапа во масовен спринт.[12] Стигнал со втора победа и на шестата етапа.[13] Победил и на втората етапа на Хералд Сан Тур, уште една австралиска трка.[14] Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[15] Возел на Џиро д’Италија 2017, каде што ја освоил седмата етапа во групен спринт.[16]

Во јули 2019 година учествувал на Тур де Франс 2019 и на единаесеттата етапа го поразил Дилан Груневеген во тесен спринт во Тулуза.[17][18] Ја освоил етапата 16 на Тур де Франс во Ним, тесно поразувајќи го Елија Вивијани, а победил и на познатата завршна етапа во Париз на Шанзелизе, повторно тесно победувајќи го Груневеген.

Тој бил последен на Тур де Франс 2022, завршувајќи над 5 часа позади крајниот победник Јонас Вингегор.[19]

Достигнувања

Друмски

2010
1. Национално јуниорско друмско првенство
2011
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
2012
Национални јуниорски друмски првенства
1. Хронометар
2. Друмска трка
1. Гент-Менен
1. Етапа 4 Реџо-Тур јуниори
1. Етапа 2б Лиеж-Ла Глез
2. Светско јуниорско друмско првенство
2. Трофео Комуне ди Вертова
2. Трофео Емилио Паганеси
3. Краен пласман Кезер дер Јуниорес
2013
1. ГП Палио дел Речото
1. Ла Кот Пикард
Трка околу Тирингија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 7
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Тур Алзас
3. ГП Индустри дел Мармо
4. Светско друмско првенство под 23 години
8. Трофео Пива
2014
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 2 Тур де л’Авенир
2. Светско друмско првенство под 23 години
2. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
6. Трофео Пива
2015
1. Краен пласман Тур де Кореја
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Вуелта а Ла Риоха
Тур де Лангкави
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Хералд Сан Тур
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
2. Национално друмско првенство
2016
1. ЈуроАјс Класик
1. Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 8 Трка околу Британија
1. Етапа 2 Хералд Сан Тур
2017
Тур Даун Андер
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Бодовен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 Трка околу Полска
1. Етапа 4 Трка Абу Даби
1. Пиплс Чојс Класик
10. Милано-Санремо
2018
1. Класика де Алмерија
1. Етапа 2 Тур Даун Андер
1. Етапа 8 Трка околу Британија
2. Милано-Санремо
4. Национално друмско првенство
2019
1. Бриселски велосипедски класик
Тур де Франс
1. Етапа 11
1. Етапа 16
1. Етапа 21
Џиро д’Италија
1. Етапа 8
1. Етапа 11
Трка околу Турција
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 4 Трка ОАЕ
1. Етапа 4 ЗЛМ Тур
2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2. Јуроајс Класик
2020
1. Схелдепрејс
Тур де Франс
1. Етапа 3
1. Етапа 11
Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Трка ОАЕ
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Тур де Валони
2. Милано-Торино
7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2021
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
1. Етапа 7
Трка околу Белгија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5 Трка Бенелукс
1. Етапа 7 Трка ОАЕ
2. Милано-Санремо
2022
1. Гран при де Фурмје
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Тур де Алпс-Маритим ет ди Вар
1. Етапа 1 Трка околу Саудиска Арабија
1. Етапа 1 Трка околу Белгија
2. Курне-Брисел-Курне
2. Елфстеденронде
2. Фландриско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка20152016201720182019202020212022
ЏироСОСОСОСОСО
Тур132144СО135
ВуелтаСО

Распоред на резултатите на класиците

Монумент2016201720182019202020212022
Милано-Санремо102291132
Трка околу Фландријане настапил во текот на својата кариера
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Класични трки2016201720182019202020212022
Курне-Брисел-Курне152
Гент-Вевелгем101СО
Схелдепрејс1
Хамбуршки класик1342НСО88
Бриселски велосипедски класик1
Милано-Торино2
Париз-Тур178

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Критериуми

2012
2. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2013
1. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
2014
3. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 4
3. Даун Андер Класик
2015
1. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2. Државно првенство
2016
1. Државно првенство
1. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Даун Андер Класик
2017
1. Државно првенство
1. Даун Андер Класик
3. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 3
2018
1. Државно првенство
3. Даун Андер Класик
2019
1. Даун Андер Класик
2. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 2
1. Етапа 3

Велодромски велосипедизам

2011
1. Светско јуниорско првенство во омниум
Национални јуниорски првенства
1. Омниум
1. Бодовна трка
1. Медисон
2. Екипна потера
3. Скреч
2012
Национални јуниорски првенства
2. Медисон
2. Бодовна трка
3. Скреч
3. Екипна потера
2. Океански првенства - поединечна потера
2013
2. Државно првенство - екипна потера

Наводи

Надворешни врски