Кентевиус Колдвел-Поуп

Американски кошаркар


Кентевиус Колдвел-Поуп (роден на 18 февруари 1993 година) е американски кошаркар, бек на Лос Анџелес Лејкерс во НБА.

Кентевиус Колдвел-Поуп


Лични информации
Роден на18 февруари 1993(1993-02-18)(31 г.)
Роден воТомастон, Џорџија
НационалностСАД САД
Висина1,96 м
Тежина93 кг
Позицијабек
Информации за кариерата
КолеџЏорџија (2011–2013)
Драфт2013 / Рунда: 1 / Пик: 8
Избран од:
Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера2013—
Моментален клуб
КлубЛ.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Број1
Сениорски клубови
Години:Клубови:
2013—2017
2017—
Детроит Детроит Пистонс
Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс

Тој бил избран како 8-ми пик на Драфтот 2013 од Детроит Пистонс. Претходно тој играл две години колеџ кошарка за Универзитетот Џорџија односно за нивната кошаркарска екипа Џорџија Булдогс. Во 2017 година, како слободен играч тој им се приклучил на Лејкерс, со кои станал НБА шампион во сезоната 2019-2020.

Колеџ кариера

Колдвел-Поуп играјќи за Џорџија во 2012

Колдвел-Поуп избрал да игра за колеџот Џорџија кој го воделе Марк Фокс и Коди Андерсон и покрај понудите за стипендии од Алабама, Флорида, Џорџија Тек и Тенеси меѓу другите. Во неговата прва сезона Колдвел-Поуп бил избран во Тимот на Новаците на југоисточната конференција, во кои исто така биле вклучени и други подоцнежни НБА играчи како Бредли Бил, Ентони Дејвис и Мајкл Кид-Гилхрист. Неговиот највисок учинок како бруцош бил 25 бода во натпреварот против Оле Мис, што претставува највисок број бодови постигнати од страна на новак на UGA во речиси 13 години.

Во неговата втора година бил избран за Играч на годината на југоисточната конференција со учиок од 18.5 бода и 7.1 скока по натпревар.[1] Тој ја заврши својата кариера во Џорџија постигнувајќи рекордни во кариерата 32 бода и 13 скока, во поразот од ЛСУ на ЈИК турнирот во Нешвил.[2]

Колеџ статистика

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2011–2012Џорџија323232.1.396.304.6545.21.21.8.313.2
2012–2013Џорџија323233.9.433.373.7997.11.82.0.518.5
Кариера[3]646433.0.415.339.7276.21.51.9.415.9

Професионална кариера

Детроит Пистонс (2013-2017)

Колдвел-Поуп со Пистонс во 2016.

На 27 јуни 2013 година, Колдвел-Поуп бил избран како осми пик на НБА Драфтот 2013 од Детроит Пистонс. Тој подоцна му се приклучил на Детроит за натпреварите од Летната лига 2013 и го потпишал својот руки договор со тимот на 19 јули.[4] На 16 април 2014 година, тој постигнал тогаш највисоки во кариерата 30 бода, во поразот од Оклахома Сити Тандер.[5] Својата прва сезона во НБА ја завршил со 80 одиграни натпревари од кој на 41 бил стартер и со учинок од 5.9 бода и 2 скока по натпревар.

Во јули 2014 година, Колдвел-Поуп повторно бил вклучен во составот на Детроит за Летната лига 2014, каде што тој имал во просек 24,0 бода и 7,4 скока во пет натпревари. Тренерот на тимот Стен Ван Ганди брзо го оценил Колдвел-Поуп како неговиот најдобар одбранбен периметар и тој завршил како водечки играч на Пистонс по бројот на минути поминати на паркетот со 2.587 минути. Игрите на Колдвел-Поуп доста се подобреле по паузата за Ол-Стар викендот, во голема мера благодарение на новото засилување на Пистонс плејмејкерот Реџи Џексон; после паузата имал просек од 14.3 бода по натпревар. Тој ја завршил сезоната со 153 погодени тројки, 70 повеќе од вториот најблизок играч на Пистонс, и исто така бил изедначен со Кевин Лав на делба на 16-тото место во целата НБА во таа статистичка категорија.[6]

Во неговата трета сезона во Пистонс, Колдвел-Поуп постигнал рекордни за него во дотогашната кариерата 31 бод во победата со 119-116 над Бостон Селтикс на 16 декември 2015 година, шутирајќи 7-12 за два бода, 3-4 за три и 8-8 од линијата за слободни фрлања.[7] Неговите игри во текот на сезоната 2015-2016 биле многу подобри во однос на претходините сезони и тој се наметнал како еден од носителите на играта на Пистонс. Тој му помогнал на клубот да избори место во плејофот на Источната конференција како 8-мо пласирани со скор од 44-38, со што Пистонс дошле до плејофот за првпат по 2009 година. Во првиот круг на Плејофот, Пистонс се соочиле со првите носители на истокот и подоцнежните шампиони Кливленд Кавалирс. Во натпреварот број 1 одигран на 17 април кој Пистонс го загубиле тесно со пет бода разлика, Колдвел-Поуп бил најдобар стрелец во својот тим со реазлизиран 21 бод.[8] На крајот Кливленд ја добиле серијата со 4-0 и ги елиминирале Детроит од понатамошното натпреварување.

На 9 ноември, 2016, Колдвел-Поуп ги постигнал највисоките 27 бода за неговата четврта сезона со Пистонс во поразот со 107–100 од Финикс Санс.[9] На 25 ноември, 2016, тој забележал 16 бода и највисоки во кариерата 10 асистенции во победата со 108–97 над Лос Анџелес Клиперс.[10] На 8 јануари, 2017, тој постигнал одлучувачка тројка на 9.4 секунди до крајот на второто продолжение со кој му донел победа на својот тим од 125–124 на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс; тој го завршил натпреварот со 26 бода.[11] На 13 јануари 2017 се здобил со повреда од втор степен на манжетниот ротатор на рамото поради која пропуштил четири натпревари.[12] Се вратил во акција на 24 јануари запишувајќи 14 бода 5 скока и 4 асистенции во поразот со 104-109 од Сакраменто Кингс во Палас оф Оберн Хилс.[13] На 1 февруари 2017, Колдвел-Поуп постигнал највисоки во кариерата 38 бода во победата со 118-98 над Њу Орлеанс Пеликанс, а исто така постигнал и највисоки во неговата кариера 8 тројки (од 11 обиди) на еден натпревар.[14]

Лос Анџелес Лејкерс (2017-денес)

На 13 јули 2017, Колдвел-Поуп потпишал едногодишен договор, вреден 18 милиони долари со Лос Анџелес Лејкерс.[15][16] Тој дебитирал за Лејкерс на 22 октомври 2017 година, постигнувајќи 20 бода како стартер во поразот од Њу Орлеанс Пеликанс со 119-112.[17] На 27 ноември 2017 година, тој ги постигнал својте највисоки за сезоната 29 бода против Лос Анџелес Клиперс.[18] На 13 декември 2017 година, Колдвел-Поуп се изјаснил за виновен за нанесување телесни повреди при тепачка во која учествувал во текот на летото. Му била изречена затворска казна од 25 дена, но според програмата за ослободување од работа, му било дозволено да го напушти објектот за домашните натпревари и тренинзи. Сепак, бидејќи не му било дозволено да ја напушти Калифорнија, тој останал ограничен само на домашни натпревари кои се играле во рамките на оваа сојузна држава во тој период.[19] На 24 февруари 2018, тој постигнал нови највисоки за сезоната 34 бода во победата со 113–108 над Сакраменто Кинг, погодувајќи исто така 8 тројки со што го изедначил својот најдобар резултат во кариерата во оваа категорија.[20] На 22 март 2018 година, тој погодил осум тројки и имал 28 бода во поразот од 128–125 од Њу Орлеанс Пеликанс.[21]

На 6 јули 2018 година, Колдвел-Поуп потпиша нов едногодишен договор со Лејкерс,[22] вреден 12 милиони долари.[23] На 16 декември 2018 година, тој постигнал највисоки за сезоната 25 бода во поразот од 128-110 од Визардс Визардс.[24] На 30 декември, постигнал 26 бода во победата над Сакраменто Кингс од 121–114, што бил негов нов сезонски рекорд.[25] Конечно, на 19 март, тој ги постигнал својте највисоки за сезоната 35 бода, три бода помалку од неговите највисоки во НБА кариерата, во поразот од Милвоки Бакс со 115-101.[26] Ниту во втората сезона на Колдвел-Поуп во тимот, Лејкерси не успеале да се пласираат во плејофот завршувајќи на 10-тото место во западната конференција, иако пред почетокот на сезоната се засилиле со повеќекратниот НБА шампион и МВП - Леброн Џејмс.

Во 2019 година, Колдвел-Поуп повторно потпишал со Лејкерс, овој пат двегодишен договор вреден приближно 16 милиони долари.[27] Во сезоната 2019-2020, тој остварил рекордни во кариерата 38,5% прецизност од неговите шутеви за 3 бода и бил трет во својата екипа со 92 постигнати тројки.[28] Во регуларниот дел од сезоната тој одиграл 69 натпревари од кои 26 како стартер со просеци од 9.3 бода, 2.1 скокови и 1.6 асистенции по натпревар. Откако Лејкерс се пласирале во Колдвел-Поуп го имал својот прв натпревар во плејофот по четири години пауза, во првиот натпреварот од четвртфиналето на западната конференција против Портланд Трејлблејзерс; сепак, тој натпревар играчот не го памети по добро, бидејќи постигнал само еден бод (од линијата за слободни фрлања) со катастрофален шут од игра 0/9. Лејкерси го продолжиле својот пат во плејофот до финалето каде ги победиле Мајами Хит со 4-2, со што Колдвел-Поуп ја освоил својата прва НБА титула. Тој бил клучен во успехот на езерџиите, особено во натпреварот број 4 кога неговите пет последователни бодови кон крајот на четвртата четвртина им помогнала на Лејкерси да се оддалечат од Хит и да ја заверат победата на тој натпревар.[29] Тој ги започнал сите 21 натпревар во плејофот, со просек од 29 минути, 10.7 бода, 2.1 скокови, 1.3 асистенции и 1 украдена топка по натпревар, шутирајќи 37.8% од линијата за 3 бода.[28][30]

НБА статистика на кариерата

Статистика од 28 декември 2020

Општи податоци

Регуларна сезона

Плејоф

Статистика по сезони

Регуларен дел од сезоната

Легенда
  ОНОдиграно натпревари  СН Натпревари како стартер МПН Минути по натпревари
 ПШИ% Процент на шут од игра 3П% Процент на шут за три бода СФ% Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН Скокови по натпревар AсПН Асистенции по натпревар УТПН Украдени топки по натпревар
 БлПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Задебелено Најдобро во кариерата
ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2013-2014 Детроит Пистонс804119.8.396.319.7702.0.7.9.25.9
2014-2015 Детроит Пистонс828231.5.401.345.6963.11.31.1.212.7
2015-2016 Детроит Пистонс767636.7.420.309.8113.71.81.4.214.5
2016-2017 Детроит Пистонс767533.3.399.350.8323.32.51.2.213.8
2017-2018 Л.А. Лејкерс747433.2.426.383.7895.22.21.4.213.4
2018-2019 Л.А. Лејкерс822324.8.430.347.8672.91.3.9.211.4
2019-2020 Л.А. Лејкерс692625.5.467.385.7752.11.6.8.29.3
Кариера53939729.2.418.349.7973.21.61.1.211.6

Плејоф

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2016 Детроит Пистонс4440.3.440.444.7144.32.81.8.315.3
2020 Л.А. Лејкерс212129.0.418.378.8152.11.31.0.210.7
Кариера252530.8.423.390.7942.41.61.1.211.4

Титули

НБА

2019-2020

Наводи

Надворешни врски