Кванза
Кванза (Kwanza или Cuanza) — река во Ангола. Се влева во Атлантскиот Океан јужно од главниот град Луанда. Долга е 960 км, а сливот зафаќа површина од 152.570 км2.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fc/Cuanza_river_near_Dondo%2C_Angola.jpg/250px-Cuanza_river_near_Dondo%2C_Angola.jpg)
Географија
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b0/Cuanza_River_Angola.png/300px-Cuanza_River_Angola.png)
Реката е пловна во должина од околу 150 км од устието, 60 км јужно од престолнината Луанда. Поважни притоки се Кутато и Лукала.
Историја
Реката е пловна по долното течение, кое послужило како главен пат во португалското освојување на северна Ангола.
Акумулацијата „Капанда“ на Кванза во покраината Меланже е завршена во 2004 г. хидроенергија и наводнување во регионот. На реката се сместени и акумулациите „Камбамбе“ и „Лаука“. Подрачјето Бара до Кванза на устието на реката развива туризам, вклучувајќи терени за голф.
Жив свет
Реката се одликува со биоразновидност, вклучувајќи 50 видови риби, а се очекуваат уште видови по генетските анализи.[1] Тарпонот е мошне застапен во спортскиот риболов.
Занимливости
Валутата на Ангола се нарекува „кванза“ во чест на реката. По неа се наречени и покраините Северна Кванза и Јужна Кванза.
Поврзано
- Северна Кванза
- Јужна Кванза
- Национален парк Кисама
Наводи
Надворешни врски
- Карта на сливот на Кванза — атлас на водните ресурси