Катинка Хосу

Катинка Хосу (унгарски: Katinka Hosszú; 3 мај 1989) — унгарска натпреварувачка во пливање, која е специјалист во поединечни мешани трки. Таа е трикратен олимписки шампион и седумкратен светски шампион на долги патеки.[1]

Катинка Хосу во 2015 година

Хосу е светски рекордер во 100 метри поединечно мешано, 200 m поединечно мешано (долга патека и кратка патека), 400 m поединечно мешано (долга патека), 100 m грбно  (кратка патека) и 200 m грбно (кратка патека). Таа беше првиот пливач што ги држи светските рекорди во сите пет поединечни дисциплини во исто време. Таа држи две третини од унгарските рекорси. Хосу беше прогласена за ФИНА пливач на годината во 2014, 2015 и 2016 година и ја освои наградата СвимСвам за женски на годината во 2013 година.[2]

Таа се има натпреварувано на четири Летни олимписки игри : 2004, 2008, 2012 и 2016 година. Хосу моментално плива за Ајрон Акватикс. Долги години нејзиниот сопруг бил нејзин тренер,[3] а по нивниот развод, Хосу тренираше со тренерот Дејвид Сало.[4] Таа беше наречена „Железна дама“,[5][6] и е првата милионерка во историјата на пливањето.[7]

Личен живот

Катинка Хосу е родена во Печ, Унгарија, ќерка на Барбара Бакос и Иштван Хосу. Катинка ја подучувал пливање нејзиниот дедо, Ласло Бакос, додека наполнила 13 години. Хосу го запознала својот иден сопруг Шене Тусуп во 2009 година, кога тие биле бруцоши на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Откако била под притисок на очекувањата на Олимписките игри во Лондон во 2012 година без медал, таа побарала од нејзиното момче Тусуп да стане нејзин тренер. По Олимписките игри, на Светското првенство во пливање во Пекинг се натпреваруваше во 8 дисциплини, со медал во 5 од нив, што довело до тоа во кинеските весници да се пишува дека е направена од железо. Од тогаш е нејзиниот прекар, „Железната дама“. Хосу се омажила за Тусуп во 2013 година.[8] Хосу и сопругот Тусуп отвориле свој пливачки клуб во Унгарија, Ајрон Акватикс во септември 2016 година.[9]

На 16 февруари 2018 Хосу поднесе барање за развод од Тусуп.[10] На 25 мај 2018 година, Фејсбук страницата на Хосу беше избришана од Тусуп, кој беше единствениот администратор на страницата.[11] Сепак, на 6 јуни 2018 година таа повторно доби пристап до нејзината страница на Фејсбук, со помош на активистката и заштитник на женските права, Матан Узиел.[12]

Во август 2016 година, Хосу изгубил тужба за клевета против Кејси Берет, од списанието „Свиминг ворлд“. Таа ја поднесе тужбата во ноември 2015 година, откако магазинот објави напис на своето мрежно место во мај 2015 година, прашувајќи дали Хосу користела супстанции кои ги зајакнуваат перформансите, и покрај тоа што кај Хосу никогаш не било пронајдено да користи такви супстанции.[13] Тужбата била отфрлена бидејќи судијата пресудил дека статијата е мислење.

Пливачка кариера

Хосу е позната низ целиот пливачки свет. Од 2012 година таа тренирала со од нејзиниот сопруг, Шене Тусуп, поранешен пливач на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а претходно со тренерот Дејвид Сало.

Европско првенство за пливање во кратки патеки во 2004 година

Таа го освои својот прв медал на Европското пливачко првенство во 2004 година, бронза во 400 метри мешано.

Светско првенство 2009

На Светското првенство во 2009 година освои две бронзени медали во 200 метри мешано и 200 метри делфин, пред да стане светски првак во 400 метри мешано. Таа беше избрана за унгарски спортист на годината за нејзините достигнувања.

Европско првенство 2010

На Европското првенство во 2010 година, што се одржа во нејзината татковина, освои сребрен медал во 400 метри мешано и стана европски шампион во 200 метри делфин, 200 метри мешано и како член на репрезентативниот тим од 4 × 200 метри слободе стил.

Лични најдобри времиња

Долга патека

ДисциплинаВремеЛокацијаДатумБелешки
50 метри слободен стил24.89 (r)Саун Пауло21 април 2014 годинаNR
100 метри слободен стил53.64Сингапур5 септември 2014 годинаNR
200 метри слободен стил1: 55.41Дубаи6 ноември 2015 годинаNR
400 метри слободен стил4: 04.96Берген29 мај 2016
50 м грбно27.99Дубаи6 ноември 2015 годинаNR
100 м грбно58.45Рио де Жанеиро8 август 2016NR
200 м грбно2: 05.85Будимпешта29 јули 2017 годинаNR
200 метри делфин2: 04.27Рим26 јули 2009 годинаER
200 m мешано2: 06.12Казан3 август 2015 годинаWR , ER, NR
400 m мешано4: 26,36Рио де Жанеиро6 август 2016WR, ER, NR

Кратка патека

Дисциплина ВремеЛокацијаДатумБелешки
50 метри слободен стил24.43Сент Пол29 декември 2014 годинаNR
100 метри слободен стил52.37Сент Пол30 декември 2014 годинаNR
200 метри слободен стил1: 51.18Доха7 декември 2014 годинаNR
400 метри слободен стил3: 58.84Нетања6 декември 2015 годинаNR
50 м грбно25.95Копенхаген16 декември 2017 годинаNR
100 м грбно55.03Доха4 декември 2014 годинаWR , ER, NR
200 м грбно1: 59.23Доха5 декември 2014 годинаWR, ER, NR
200 метри делфин2: 01.12Доха3 декември 2014 годинаNR
100 m IM56.51Берлин7 август 2017 годинаWR, ER, NR
200 m мешано2: 01.86Доха6 декември 2014 годинаWR, ER, NR
400 m мешано4: 19,46 (ж)Нетања2 декември 2015 годинаNR
400 m мешано3: 56,54Калифорнија16 март 2012 годинаПоранешна WR

Меѓународно првенство (50 м)

Meet100 free200 free400 free50 back100 back200 back100 fly200 fly200 medley400 medley4×100 free4×200 free4×100 medley
OG 200431st
WC 2005
EC 200615th8th9thDSQ(h)8th
WC 200725th12th11th
EC 200849th22nd6th 6th
OG 200817th12th
WC 2009 8th6th14th
EC 2010 4th
WC 201119th6th15th5th
EC 2012 4th 6th
OG 20129th8th4th9th
WC 20139thheats[a]6th
EC 2014sf[b] 15th 16thheats[a]
WC 20155thheats[a] 13th
EC 2016
OG 2016 6th
WC 20177thheats[a] 6th
EC 20184th 8th
a a Хосу квалификуваше, но не успеа во полуфиналето
б b Хосу се квалификуваше во полуфиналето, но не успеа во финалето

Наводи

Надворешни врски