Кастанети
Кастанети[1], иако се сврзуваат првично за шпанскиот фолклор, се одомаќиле и на поширокиот средоземен простор, а во подалечно потекло се исто така од исток. Две издлабени парчиња (костеново) дрво со школкаста форма се поврзуваат со јаже еден за друг и за прстите на свирачот (честопати - играч), кој со движење на дланката ритмично ги удира еден од друг. Остар и сув звук кој на тој начин се создава обогатен е со призвуко на воздухот кој е збиен во шуплината внатре во школката.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/44/Castanets.jpg/150px-Castanets.jpg)
Во оркестарска примена школките се закачени за рачка, понекогаш на двата краја по пар, па ударањето се постигнува со тресење на рачкат. Вметнатиот дел помеѓу школките ја зголемува резонантната празнина и ја прави звучноста пополна.
Во фолклорот се сврзани со игра (во секоја рака по пар со различна големна), кастањетите се и во уметничка, оркестарска примена најчесто се јавуваат во мигови на радостна разиграност и полет, се разбира, првично како показател на локалниот колорит.