Карачали (Струмичко)

историско село во Струмичко

Карачали или Кара Чали — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала.

Карачали
Карачали во рамките на Македонија
Карачали
Местоположба на Карачали во Македонија
Карачали на карта

Карта

Координати 41°32′48″N 22°41′19″E / 41.54667° СГШ; 22.68861° ИГД / 41.54667; 22.68861
Регион Југоисточен
Општина Василево
ОбластОгражден
Населениенема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија

Селото се наоѓало на јужните падини на Огражден, северно од Струмица и на мало растојание јужно од Висока Маала.[2]

Потекло на името

Името на селото доаѓа од турскиот поим Kara Çalı, што значи „црн трн“.[3]

Историја

На крајот од XIX век Карачали било турско село во Струмичката кааза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Карачали имало 15 домакинства сочинети од 34 муслимани.[4] Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кара-чали имало 10 куќи, сите муслимански.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кара Чали имало 50 жители, сите Турци.[6]

Наводи