Калуѓерец

село во Општина Македонски Брод

Калуѓерец (понекогаш познато и како Калугерец[2]) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Калуѓерец

Поглед на селото Калуѓерец

Калуѓерец во рамките на Македонија
Калуѓерец
Местоположба на Калуѓерец во Македонија
Калуѓерец на карта

Карта

Координати 41°39′38″N 21°14′27″E / 41.66056° СГШ; 21.24083° ИГД / 41.66056; 21.24083
Регион Југозападен
Општина Македонски Брод
ОбластПорече
Население15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6535
Повик. бр.045
Шифра на КО03023
Надм. вис.550 м
Калуѓерец на општинската карта

Атарот на Калуѓерец во рамките на општината
Калуѓерец на Ризницата

Географија и местоположба

Куќи на влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 29 километри.[3]

Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 423 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56 хектари, а на пасиштата само 24 хектари.[3]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја

Во XIX век, Калуѓерец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото нема развиена земјоделска функција.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953181+3.4%
1961162−10.5%
1971150−7.4%
198136−76.0%
ГодинаНас.±%
199173+102.8%
199473+0.0%
200247−35.6%
202115−68.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Калуѓерец имало 180 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калуѓерец имало 160 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калуѓерец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Калуѓерец е мало село, коешто во 1961 година броело 162 жители, а во 1994 година 73 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Калуѓерец имало 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население18016017518116215013673734715
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Калуѓерец е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.

Родови во селото Калуѓерец се: Ристовци (8 к.) и Оџовци (12 к.), доселени се од Охридско; Прчковци (7 к.), доселени се од селото Модриште, а во Модриште се доселени од Охридско.[14]


Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Калуѓерец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0263 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]
Реки[19]

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски