Кавкаски јазици

Кавкаските јазици се голема и разнолика група јазици кои ги говорат повеќе од 10 милиони луѓе во регионот на Кавкаските Планини, помеѓу Црното Море и Каспиското Езеро. Со лингвистичката споредба помеѓу различните јазици во овој регион тие се поделиле во три големи групи.

Етно-лингвистичка карта на Кавкаскиот регион.

Јазиците на кавкаските народи ги одразуваат историските прилики во кои се развивале. Планината Кавказ претставува важна јазична меѓа. Така, покрај индоевропските, семитските и турско-монголските јазици, во овој регион се зборуваат и чеченскиот јазик, аваро-андскиот јазик, апхаскиот јазик, адигејскиот јазик (со два главни дијалекта - кабардински и черкески) и грузискиот јазик. Притоа, источно-кавкаските и западно-кавкаските јазици се сродни меѓу себе, а јужно-кавкаските јазици значително се разликуваат од останатите кавкаски јазици.[1]

Групи

Само три групи кавкаски јазици немаат никаква лингвистичка врска со останатите јазици во светот. Изразот „кавкаски јазици“ најчесто се користи за овие три јазични групи, но понекогаш ги опфача и останати јазици, како на пример азербејџански јазик или руски јазик.[2]

Наводи

Надворешни врски