Ителменски јазик

Ителменскиот, или порано познат како камчадалскикамчатски јазик, дел од јазичното семејство на чукотско-камчатски јазици. Јазикот го зборуваат помалку од 100 луѓе на Камчатка во Русија. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 3.180 Ителменци, и скоро сите зборуваат руски. Сепак има обиди за јазично оживување и јазикот се учи во неколку училишта. Овој јазик е единствениот преживеан од камчатските јазици.

Ителменски јазик
итэнмэн Itənmən
Застапен воРусија
ПодрачјеКамчатка
НародИтелменци
Говорнициоколу 400, со 82 активни говорници[1]  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3itl

Состојба

Јазикот е високо загрозен бидејќи се зборува од мал број луѓе, кои пак се воглавно возрасни лица. Сепак во регионот има движење за негово оживување и се развиле образовни материјали на ителменски. Современиот ителменски е под силно влијание на рускиот.

Писмо

Ителменскиот бил непишан јазик. Првото писмо било развиено во 1932 година и било засновано на латиницата. Сепак, ова писмо било краткотрајно и јазикот повторно не бил пишан скоро педесет години, кога се развило второто писмо за јазикот.

Ителменска латиница[2]
А аB bC cD dE eF fG gH h
I iЬ ьJ jK kL lŁ łM mN n
Ŋ ŋO oP pQ qR rS sT tU u
W wX xZ z

Современата ителменска азбука била создадена во 1984 година и била заснована на кирилицата.

Ителменска кирилица[3]
А аӐ ӑБ бВ вГ гД дЕ еЁ ё
Ж жЗ зИ иЙ йК кК’ к’Ӄ ӄӃ’ ӄ’
Л лЉ љӅ ӆМ мН нЊ њӇ ӈО о
О̆ о̆П пП’ п’Р рС сТ тТ’ т’У у
Ў ўФ фХ хҲ ҳЦ цЧ чЧ’ ч’Ш ш
Щ щЪ ъЫ ыЬ ьӘ әЭ эЮ юЯ я

Наводи

Поврзано

Надворешни врски