Источна Анадолија

Источна Анадолија (турски: Doğu Anadolu Bölgesi) е еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција.

Местоположба на Источна Анадолија
Чифте Минарели Медресе од 13 век е архитектонски споменик од доцниот селџучки период во градот Ерзурум

Во сегашниот облик, регионот е формиран на Првиот географски конгрес во Анкара во 1941. Има најголема просечна надморска височина, најголема површина и најмала густина на населеност од сите региони. Дел од регионот порано бил познат како „Планинска Ерменија“.[1][2]

Местоположба и граници

Регионот се наоѓа во источниот дел на Турција. Се граничи со Средна Анадолија на запад, Црноморскиот регион на север, Југоисточна Анадолија и Ирак на југ и Иран, Азербејџан, Ерменија и Грузија на исток.

Источна Анадолија зафаќа површина од 171.061 км2, т.е. 21% од вкупната површина на земјата.

Покраини

Покраини во Источна Анадолија

Население

Регионот има 6.100.000 жители [3] и е втор по бројот на рурално население, веднаш по Црноморскиот регион. Стапката на иселување во други региони е висока, а со 35 жит/км2, густината на населеноста е пониска од државниот просек (85 жит/км2).

Географија

Просечната надморска височина на регионот изнесува 2.200 м. Преовладуваат рамници, висорамнини и планински масиви. Има и извесна вулканска активност.

Клима

Ерзурум
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&1000000000000002000000020
 
&09999999999999995999999−4
&09999999999999984999999−15
 
 
&1000000000000002400000024
 
&09999999999999996999999−3
&09999999999999985999999−14
 
 
&1000000000000003300000033
 
&100000000000000030000003
&09999999999999992999999−7
 
 
&1000000000000005800000058
 
&1000000000000001200000012
&100000000000000000000000
 
 
&1000000000000007000000070
 
&1000000000000001700000017
&100000000000000040000004
 
 
&1000000000000004300000043
 
&1000000000000002200000022
&100000000000000070000007
 
 
&1000000000000002700000027
 
&1000000000000002700000027
&1000000000000001000000010
 
 
&1000000000000001600000016
 
&1000000000000002800000028
&1000000000000001000000010
 
 
&1000000000000002100000021
 
&1000000000000002300000023
&100000000000000050000005
 
 
&1000000000000004900000049
 
&1000000000000001500000015
&100000000000000010000001
 
 
&1000000000000003300000033
 
&100000000000000070000007
&09999999999999994999999−5
 
 
&1000000000000002200000022
 
&09999999999999998999999−1
&09999999999999988999999−11
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: Државна метеоролошка служба[4]


Бидејќи најголемиот дел од регионот е далеку од морето, а има голема надморска височина, регионот има сурова континентална клима со долги зими и кратки лета. Зимите се многу студени (-25 °C до -25 °C) и снежни. Регионот има најниска просечна температура во земјата. Просечната летна температура изнесува 20 °C.

Галерија

Поврзано

Наводи