Исак Кисе Телин

[1]

Исак Кисе Телин
Лични податоци
Роден на24 јуни 1992(1992-06-24)(32 г.)
Роден воЕребро, Шведска[2]
Држава Шведска
Висина&100000000000001890000001,89 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубБајер Леверкузен Бајер Леверкузен
Број11
АгентБосна и Херцеговина Миралем Јагањац
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2009-2011Карлслунд Карлслунд44(18)
2011-2014Норчепинг Норчепинг48(6)
2014Малме Малме14(5)
2015-2017Бордо Бордо29(3)
2017–Андерлехт Андерлехт18(1)
2017-2018Васланд-Беверен Васланд-Беверен33(19)
2018-Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен6(0)
Репрезентација
2009Шведска Шведска 173(1)
2014-Шведска Шведска 216(6)
2014-Шведска Шведска28(3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Исак Кисе Телин (роден на 24 јуни 1992 во Еребро) — шведски фудбалер, напаѓач на Бајер Леверкузен и на шведската репрезентација.

Клупска кариера

Рани години

Кисе Телин во дресот на Норчепинг во 2013.

Кисе Телин ја започнал својата кариера во екипата на Карлслунд од градот Еребро, во која започнал да игра фудбал уште на возраст од пет години.[3] Тој одиграл три сезони за клубот, настапувајќи во шведската Дивизион 1, Дивизион 2 и Дивизион 3. Во 2011 година се преселил во неодамна промовираниот прволигаш, Норчепинг. Кисе Телин го направил својот пробив во сезоната 2012, кога тој се појавил во единаесет натпревари за клубот и постигна два гола. За следната сезона го зголеми својот број на настапи на 25 и постигна уште четири погодоци. Во текот на сезоната 2014 по 12 настапи за Норчепинг, Кисе Телин потпишал четиригодишен договор со актуелниот шведски шампион Малме.[4]

Малме

На 4 јуни 2014 година бил официјално потвреден трансферот на Кисе Телин во Малме, а неговото доаѓање во клубот било најавено за 15 јули. Тој го направил своето деби за клубот во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите во натпреварот против Вентспилс на 16 јули 2014 година.[5] Кисе Телин ќе се покаже клучен дел од тимот на патот на Малме кон одбраната на титулата во шведското првенство и квалификувањето на клубот во групната фаза на Лигата на шампионите 2014-15. Тој одиграл 14 првенствени натпревари за клубот во кој постигнал пет гола, првиот на гостувањето против Калмар во ремито 1-1 на 19 јули 2014 година.[6] Тој, исто така, постигнал два важни гола за клубот во кваификациската кампања за Лигата на шампионите, првиот на гостувањето против Вентспилс на 23 јули 2014 година, а вториот на гостувањето против Спарта Прага на 29 јули 2014 година.[7][8] Тој ги започнал како стартер сите натпревари на Малме во групната фаза, играјќи во нападот заедно со ветеранот Маркус Розенберг, но неговиот клуб останал на последното место во групата зад Атлетико Мадрид, Јувентус и Олимпијакос. По завршувањето на сезоната тој бил номиниран за откритие на годината во шведскиот фудбал.[9]

Бордо

Кисе Телин на тренинг со Бордо во 2015.

На 22 јануари 2015 година, Кисе Телин потпишал договор со францускиот Бордо кој треба да го држи во клубот до 2019 година.[10] Тој го направил своето деби во Лига 1 два дена подоцна во ремито без голови против Бастија, играјќи го целиот натпревар. Својот прв гол за Бордо го постигнал на 28 февруари 2015, против екипата на Ремс (1-1).

Андерлехт и Васланд-Беверен

На 5 јануари 2017, Кисе Телин бил позајмен на Андерлехт до крајот на сезоната. Своето деби за Андерлехт го направил на 22 јануари 2017, во победата со 3-1 на домашен терен над Сент Труден, заменувајќи го Лукаш Теодорчик во 90-тата минута од натпреварот. Својот прв погодок за Андерлехт го постигнал на 7 мај 2017, во победата дома со 2-0 над Зулте Варегем во втората минута од судиското надополнување. По завршувањето на оваа полусезона во Андерлехт во која вкупно на 22 натпревари постигнал два гола, Андерлехт и Бордо се договориле за нова позајмица на Кисе Телин до крајот на следната сезона 2017-2018.[11]

На 31 август 2017, Андерлехт одлучиле да го откупат играчот од Бордо и веднаш потоа да го позајмат на белгискиот прволигаш Васланд-Беверен. Своето деби за Васланд-Беверен го направил на 9 септември 2017, во победата со високи 5-1 над Ојпен, постигнувајќи го четвртиот гол за својот тим од пенал и асистирал за уште три други гола. На 22 октомври 2017, Кисе Телин постигнал 4 гола во победата со 5-2 на гостувањето кај Зулте Варегем.[12][13] Сезоната на заем во Васланд-Беверен Кисе Телин ја завршил со 33 првенствени настапи и 19 постигнати гола.

Бајер Леверкузен

На 7 август 2018, од германскиот Бајер Леверкузен објавиле дека Кисе Телин ќе му се приклучи на клубот на едногодишна позајмица од Андерлехт, до 30 јуни 2019.[14] Дебитирал во Бундеслигата кон крајот на истиот месец во поразот со 2-0 од Борусија Менхенгладбах, влегувајќи како замена на местото на Бенџамин Хенрихс во 64-тата минута.

Репрезентативна кариера

Кисе Телин има 3 настапи и еден гол за шведската репрезентација под 17 години.

Во 2014 и 2015 година тој ја претставувал репрезентацијата под 21 година постигнувајќи шест гола во исто толку настапи во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година, вклучувајќи ги и двата против Франција во баражот кои му донеле пласман на овој турнир на неговиот репрезентација. Кисе Телин бил избран во составот на шведската репрезентација под 21 година за Европското првенство 2015. Во првиот натпревар во групната фаза, тој го постигнал победничкиот гол за Шведска од пенал во 88-мата минута во победата со 2-1 над Италија. Во финалето на турнирот против Португалија, во кое Шведска победила на пенали и ја освоила титулата, Кисе Телин бил еден од прецизните изведувачи за победничката репрезентација.

Тој го направил своето сениорско деби на 15 ноември 2014 година против Црна Гора во квалификациите за Евро 2016. Својот прв погодок за сениорската репрезентација го постигнал во пријателски натпревар против Унгарија.

Во мај 2018, бил повикан помеѓу 23-цата играчи на Шведска за Светското првенство 2018.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
15-11-2014ПодгорицаЦрна Гора 1 – 1  ШведскаКвал. за Евро 2016-  86'
18-11-2014МарсејФранција 1 – 0  ШведскаПријателска-  67'
15-01-2015Абу ДабиШведска 2 – 0  Брег на Слоновата КоскаПријателска-  82'
19-01-2015Абу ДабиШведска 0 – 1  ФинскаПријателска-  54'
27-3-2015КишињевМолдавија 0 – 2  ШведскаКвал. за Евро 2016-  70'
5-9-2015МоскваРусија 1 – 0  ШведскаКвал. за Евро 2016-  82'
8-9-2015СолнаШведска 1 – 4  АвстријаКвал. за Евро 2016-  62'
30-5-2016МалмеШведска 0 – 0  СловенијаПријателска-
11-11-2016Сен ДениФранција 2 – 1  ШведскаКвал. за СП 2018-  73'
15-11-2016БудимпештаУнгарија 0 – 2  ШведскаПријателска'1  74'
25-3-2017СолнаШведска 4 – 0  БелорусијаКвал. за СП 20181  74'
28-3-2017ФуншалПортугалија 2 – 3  ШведскаПријателска-
3-9-2017БорисовБелорусија 0 – 4  ШведскаКвал. за СП 2018-  85'
7-10-2017СолнаШведска 8 – 0  ЛуксембургКвал. за СП 2018-  74'
10-10-2017АмстердамХоландија 2 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  76'
10-11-2017СолнаШведска 1 – 0  ИталијаКвал. за СП 2018-  75'
13-11-2017МиланоИталија 0 – 0  ШведскаКвал. за СП 2018-  54' 69'
27-3-2018КрајоваРоманија 1 – 0  ШведскаПријателска-  70'
2-6-2018СолнаШведска 0 – 0  ДанскаПријателска-  65'
9-6-2018ГетеборгШведска 0 – 0  ПеруПријателска-  75'
18-6-2018Нижњи НовгородШведска 1 – 0  Јужна КорејаСП 2018 - Прва фаза-  77'
23-6-2018СочиГерманија 2 – 1  ШведскаСП 2018 - Прва фаза-  90+1'
27-6-2018ЕкатеринбургМексико 0 – 3  ШведскаСП 2018 - Прва фаза-  68'
3-7-2018Санкт ПетербургШведска 1 – 0  ШвајцаријаСП 2018 - Осминафинале-  90+1'
6-9-2018ПрагаАвстрија 2 – 0  ШведскаПријателска-  46'
ВкупноНастапи29Голови3

Личен живот

Tаткото на Кисе Телин е со конгоанско потекло роден во Киншаса, додека неговата мајка е швеѓанка. Во текот на адолесценцијата негов идол бил Хенрик Ларсон.[15]

Титули

Малме

  • Прва шведска фудбалска лига (1) : 2014
  • Суперкуп на Шведска (1) : 2014

Андерлехт

  • Белгиска Про лига (1) : 2016-2017[16]
  • Суперкуп на Белгија (1): 2017

Шведска репрезентација под 21 година

Наводи

Надворешни врски