Ирина Себрова

Ирина Фјодоровна Себрова (руски: Ирина Фёдоровна Себрова; 25 декември 19145 април 2000) беше поручник и пилот на Советските воздухопловни сили кој служи во Ноќните вештерки за време на Втората светска војна. Себрова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 за првите 825 бомбашки мисии.[1]

Ирина Фјодоровна Себрова
Изворно имеИрина Фёдоровна Себрова
Роден25 декември 1914
Новомосковск, Тула
Починал5 април 2000
Москва, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941-1948
ЧинПрв поручник
Единица588. Ноќен бомбашки полк
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Ран живот

Родена на 25 декември 1941 година во Тетјаковка, Новомосковск во работничко семејство, Себрова се преселува во Москва и дипломира на Московскиот Универзитет, по што работи во фабрика. На 23 години, веќе станува искусен инструктор по летање на летачкиот клуб Фрунзе во Москва. Во 1938 година, дипломира од Московскиот Аероклуб, а во 1940 година започнува да се обучува за воено воздухопловство.[1]

Воена кариера

По придружувањето кон Црвената Армија во октомври 1941 година, ги завршува своите воени воздухопловни студии на Енгелс и е одредена на 588-от Ноќен бомбашки полк во 1942, кој подоцна е наречен „Ноќни вештерки“ од страна на германските трупи. Полкот подоцна е прогласен за гарда со името 46. Гарда на ноќен бомбашки полк под 4. воздухопловна армија. Себрова се вклучува кон Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943. За време на војната, Себрова има 1008 летови со авионот По-2, а по 825-от лет е номинирана за признанието Херој на Советскиот Сојуз, што и го добива на 23 февруари 1945 година.[2][3]

Себрова се пензионира од воздухопловните сили во 1948, придружувајќи му се на Московскиот воздухопловен институт. Умира на 5 април 2000 година и е закопана на Ракитинските гробишта.[4]

Награди

Со титулата Херој на Советскиот Сојуз, на Себрова ѝ е доделен Орденот на Ленин.[5] Исто така Ирина е добитник на три Ордени на Црвеното Знаме;[6][7][8] го добива и Орденот на Патриотската Војна од прва и втора класа;[9] the Order of the Red Star;[10] како и други јубилејни медали.[11]

Поврзано

Наводи