Индустрија за преработка на овошје и зеленчук

Индустријата за преработка на овошје и зеленчук — гранка на прехранбената индустрија која се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Индустријата за преработка на овошје и зеленчук во Македонија

Во 2019 година, индустријата за преработка на овошје и зеленчук во Македонија ја сочинувале 187 претпријатија од кои 101 биле микро, 67 мали, 16 средни, а само три биле големи (Вивакс Доо Скопје, Дием-ГП Доо Гевгелија и МАМАС Фоод Доо Струмица). Во поглед на територијалната разместеност, најмногу фирми имало во Скопје (58), а потоа во Струмица (12), Гевгелија (9), Битола и Кочани (по 7) и Куманово (6). Вкупниот приход остварен во оваа индустрија во 2019 година изнесувал 7 757 612 871 денар од кои 73,5% (5 708 684 988 денари) биле остварени во најголемите 20 претпријатија. Во 2019 година, остварената добивка во оваа индустрија изнесувала 558 373 560 денари, а 86,5% (483 317 244) биле остварени во најголемите 20 претпријатија. Во 2019 година, во индустријата за преработка на овошје и зеленчук биле вработени вкупно 1 839 лица (1 945 во 2018 година) од кои 1 290 работеле (70%) во најголемите 20 претпријатија.[1]

Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според вкупниот приход)[2]
ПретпријатиеВкупен приход (милиони денари)
Тргопродукт662,6
Вивакс617,9
Дием-ГП517,4
Фруктал-Мак405,4
Бимфоод349,2
Вори Јорданка323,6
Ларс305,1
Дим-Комерц304,6
Бестфуд Ти286,6
Випро256,1
Вита Рес207,5
Мамас Фоод202,5
Румко 91197,5
Техноалат Комерц196,3
Дентина176,1
Кривогаштани промет167,4
Фунги Флора149,4
Ким141,5
Ксенос133,9
Бонум107,8
Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според добивката)[3]
ПретпријатиеДобивка (милиони денари)
Тргопроизвод106,3
Дием-ГП73,5
Вивакс42,8
Мамас Фоод36,6
Дим-Комерц33,1
Бестфуд Ти24,4
Вори Јорданка19,7
Випро19,6
Фруктал Мак19,6
Бимфоод18,6
Кривогаштани промет16,3
Ксенос11,0
Румко 919,8
Вита Рес9,7
Греен производ8,5
Бага Фоод7,0
Веса-компани6,9
Нимекс СА6,8
Ларс6,8
Аграр-ко6,4
Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според вработените)[3]
ПретпријатиеБрој на вработени
Вивакс100
Техноалат Комерц100
Дим-Комерц98
Ексклузив90
Бонум90
Вори Јорданка80
Тргопроизвод69
Ким66
Бага Фоод60
Бестфуд Ти60
Випро59
Фруктал Мак59
Дием-ГП58
Олив-Пак54
Вита Рес45
Ксенос44
Румко 9143
Дентина42
Греен Производ37
Кривогаштани-Промет36

Наводи