Ингмар Бергман

Ернст Ингмар Бергман (шведски: Ernst Ingmar Bergman, 14 јули 191830 јули 2007) — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. Според Вуди Ален, Бергман е еден од најголемите и најзначајните имиња во историјата на филмот. Режирал повеќе од шеесет играни и документарни филмови. Неговите дела често се занимаваат со смртта, болеста, верата, предавството, песимизмот и лудилото. Неговиот филм „Седмиот печат“ останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.

Ингмар Бергман
Ingmar Bergman
Ингмар Бергман на снимањето на „Диви јагоди“ (1957)
Роден(а)Ернст Ингмар Бергман
14 јули 1918(1918-07-14)
Упсала, Шведска
Починал(а)30 јули 2007(2007-07-30) (возр. 89)
Форе, Шведска
Занимањережисер, продуцент, сценарист
Активен период1944–2005
Влијанија одАугуст Стриндберг[1]
Виктор Шестрем[2]
Акира Куросава[2]
Федерико Фелини[2]
Марсел Карне[2]
СопружникЕле Фишер (1943–45)
Елен Лундстрем (1945–50)
Гун Грут (1951–59)
Кеби Ларетеј (1959–69)
Ингрид фон Розен (1971–95)
НаградиГетеова награда

Рано детство

Ингмар Бергман е роден во Упсала, Шведска. Син на Ерик Бергман, лутерански поп и Карин, медицинска сестра. Израснал со неговиот постар брат Даг и сестра Маргарета, опкружен со религија. Неговиот татко бил конзервативен и со строги родителски концепти. Ингмар бил затворан во темни плакари за „престапи“ како мокрење во креветот.

Наводи