Антитело

(Пренасочено од Имуноглобулини)

Антителата (или имуноглобулини) се серумски гликобелковинии т.е. белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.

Структура на антитело.

Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.

Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.

Структура

Антителата се тешки белковини (~150 kDa) со големина од околу 10 nm,[1]кои се состојат од три глобуларни региони во форма на буквата Y.

Класи

Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.

Изотипови на антитела кај цицачите
ИмеТиповиОписКомплекси на антитела
IgA2Го има на слузници, како црева, респираторен тракт и урогенитален тракт, и ја спречува колонизацијата на патогени.[2] Исто така го има и во плунката, солзите и мајчиното млеко.
IgD1Антигенски рецептор на Б клетки кои не биле изложени на антигени.[3] Ги активира базофилите и маст клетките да произведуваат антимикробни фактори.[4]
IgE1Се врзува со алергени и предизвикува ослободување на хистамин од маст клетките и базофилите. Исто така штити од паразитски црви.[5]
IgG4Со неговите четири форми, го обезбедува најголемиот дел од имунитетот посредуван од антитела против патогени.[5] Претставува единствено антитело кое може да ја премине плацентата и да обезбеди пасивен имунитет на фетусот.
IgM1На површината на Б клетките се наоѓа како мономер и во неговата секретирана форма како пентамер. Ги елиминира патогените во раните фази на имунитетот посредуван од Б клетките пред да се достигнат поголеми количини на IgG.[3][5]

Типови и реакции

  • Антитоксини - неутрализираат отрови на инфективни агенси;
  • Аглутини - предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки;
  • Опсонини - ги прават инфективните агенси почувствителни на фагоцитоза;
  • Лизини - ги отстрануваат инфективните агенси по пат на растворање (лизија);
  • Преципини - преципитират (таложат) туѓи материи.


Наводи