Зрновско Zrnovsko / Zaroshkë | |
---|---|
село | |
Координати: 40°45′51″N 20°54′29″E / 40.76417° СГШ; 20.90806° ИГД / 40.76417; 20.90806 | |
Земја | ![]() |
Област | Горица |
Општина | Пустец |
Општ. един. | Пустец |
Население (2000) | |
• Вкупно | 348 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Зрновско (дијалектно: Зрноско; албански: Zaroshkë, офиц. Zrnovsko) — село во Општина Пустец од областа Мала Преспа, денес во Горичкиот округ, Албанија.
Зрновско е село во Мала Преспа. Селото се наоѓа на крајниот југозападен брег на Големото Преспанско Езеро. Во северното подножје на Иван Планина и Сува Гора, се наоѓа на надморска висина од околу 865 м.н.в.[1]
Соседни села на селото Зрновско се: од север селото Леска, Пустец и водите на Преспанското Езеро. Од исток со селото Церје и селото Орово (Егејска Македонија). И од југ со селата Ѕвезда и Голо Брдо.[1]
Попознати места во атарот на селото се: Алио Дол, Арангел, Бачилото, Белите Камење, Блато, Ваковчето, Вртељка, Габро, Грмадите, Гуменица, Гумното, Дамас, Дупките, Заткопадина, Зарезана Стена, Зрновско, Иван Голем, Иван Мал, Кладенецо, Калгагуните, Калугер, Кафа, Кафчето, Корито, Крајнојца, Крстенко, Лучки, Малкунките, Осо, Писан Камен, Ралник, Ридо Голем, Старгулиг, Старо Село, Тодорица, Трапеник, Трпунивиште, Црвена Горица.[1]
Зрновско е старо, повеќевековно) село, во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Селото најрано се спомнува во периодот 1568/69 г. за казата Билишта.[1]
Село првобитно се наоѓало 2 км источно од денешната положба, до водите на Преспанското Езеро. Во XVIII век морало да се премести поради поплавувањето од надојдените води.[1]
Селото дало активен придонес во текот на Илинденското Востание, а како еден од главните дејци на организацијата се спомнува Вангел Тодоровски (1885-1902) кој да не падне во рацете на непријателот се самоубил во борбите кај селото Волкодери. Исто така познат илинденец бил и Кристо Трајче Аргировски.[1]
По 1912 г. селото потпаднало под Грција, за после 1923 г. да ѝ биде доделено на Албанија.[1]
Селото активно учествувало и во текот на Втората светска војна, па така излегле партизани од ова село. Помеѓу партизаните во Македонија се приклучиле двајца, а во партизаните во Албанија — тројца партизани.[1]
Според Васил К’нчов, во 1900 г. селото броело 250 жители, сите православни Македонци.[2][3]
Година | Население |
1900 | 250 |
1926 | 156 |
1945 | 201 |
1960 | 247 |
1969 | 307 |
1979 | 317 |
1989 | 322 |
2000[4] | 348 |
Зрновско е македонско село.
Родови во селото се: Андоновци (доселени од Шулин), Аргировци, Бојчевци (доселени од Шулин), Волкановци (доселени од Шулин), Димовци (доселени од Церје), Крстиновци, Коруновци, Ридовци (доселени од Церје во 1980 г.), Секуловци, Сотировци, Спировци (доселени од Церје во 1980 г.), Танасовци, Тодоровци и Трповци.[1]
Од селото има иселеници на многу места. Од Андоновци и Аргировци во Горица (Корча). Од Танасовци во Елбасан. Од Тодоровци во Поградец. Од Танасовци во Прењас. Од Тодоровци во Валона. Од Секуловци и Бојчевци во Либражд. Во 1946 г. некои семејства се иселиле во Војводина (од Танасовци, Димовци, Секуловци и Аргировци).[1]
|