Зоолошка градина

Зоолошка градина, зоолошки парк, менаџерија или зоо — објект во кој животните се чуваат во кафези, се прикажуваат на јавноста и може да се размножуваат.Изразот зоолошка градина се однесува на зоологија, дел од биологијата кој се занимава со проучување на животни и е изведен од грчките зборови зоон (ζῷον, „животно“) и логос (λóγος, „изучување“). Кратенката „зоо“ (на англиски се чита „зу“) за првпат била користена во Зоолошките градини на Лондон кои се отвориле како научно-истражувачки објект во 1828 година, а за јавноста во 1847.[1] Бројот на големи збирки на животни во отворени за јавноста низ целиот свет сега е над 1000, од кои околу 80% се сместени во градови.[2]

Мапа на зоолошки градини низ целиот свет

Зоолошката градина како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Обратно“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
  • „Во зоолошката градина“ — расказ на македонската писателка Оливера Николова.[4]
  • „Во зоолошката градина“ (англиски: At the Zoo) — песна на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.[5]
  • „Зоолошка станица“ (англиски: Zoo Station) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1991 година.[6]
  • „Зоолошката градина во Бруклин“ (англиски: Brooklyn Zoo) — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.[7]

Белешки