Зондерсхаузен (германски: Sondershausen) — град во сојузната покраина Тирингија, Германија, кој претставува административно средиште на округот Кифхојзер, сместен околу 50 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт. На 1 декември 2007 година, поранешната општина Шернберг била припоена кон Зондерсхаузен.
До 1918 година, градот бил резиденција на Кнежевството Шварцбург-Зондерсхаузен, а до 1920 одина главен град на Слободната Држава Шварцбург-Зондерсхаузен.
Зондерсхаузен се наоѓа во долината на Випер, опколен од ридските масиви Хајнлајте на југ и Виндлајте на север. Највисока точка е Фрауенберг со 411 метри.
На југ се наоѓа градот Ерфурт оддалечен околу 50 километри, додека на север се наоѓа градот Нордхаузен.