Знаме на Албанија

Националното знаме на Албанија е црвено знаме со црн двоглав орел во центарот. Тоа е единственото црвено-црно знаме од сите меѓународно признати држави. Се тврди дека потекнува од сличен грб што го користел Ѓорѓија Кастриот - Скендербег. Денешното албанско знаме било усвоено на 7 април 1992 година, а додека претходните знамиња на социјалистичка Албанија и Кралство Албанија биле сосема слично со мали детали што биле додавани.[1]


Знаме на Албанија
}}
Употребадржавно знаме национално знаме
Сразмер5:7
Усвоено7 април 1992
Описсилуета на црн двоглав орел на црвена позадина.
}}
Варијанта на знамето на Албанија
Употребапловно знаме граѓанско поморско знаме
Сразмер2:3
ОписХоризонтални три ленти во црвена, црна и црвена боја.
}}
Варијанта на знамето на Албанија
Употребаморнаричко знаме военоморнаричко знаме
Сразмер2:3
ОписДвоглав орел на бела позадина со црвена лента на дното.

Двоглавиот орел

Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози.[2][3] Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.

Историски знамиња

Поврзано

Наводи