Знак за укажување
- Страница
- Разговор
※ | |
---|---|
Знак за укажување | |
На Уникод | U+203B ※ знак за укажување (HTML: ※ ) (комеџируши, чамгопјо) |
Знак за укажување или ознака/симбол за укажување „※“ ― типографска ознака или збор што е користен во кинеското, јапонското и корејското пишување.
Симболот бил користен историски за да се привлече внимание на важна реченица или идеја, како што е пролог или фуснота.[1] Како показател за белешка, ознаката служи за истата цел како и ѕвездичката во меѓународното пишување. Меѓутоа, во јапонската употреба, текстот на белешката се става директно во главниот текст веднаш по симболот „комеџируши“, наместо на дното на страницата или на крајот од поглавјето како што е случајот со меѓународното пишување.
Јапонското име, комеџируши (јапонски: こめじるし;米印, букв. „оризов знак), се однесува на визуелната сличност на симболот со канџи за „ориз“ (米).[2]
На корејски, името на симболот, чамгопјо (корејски: 参考表; 참고표), едноставно значи „знак за укажување“. Неформално, симболот често е нарекуван дангуџангпјо (당구장표; букв. „знак за билијардска сала“), бидејќи често се користи за да укаже на присуство на билијардски сали, поради неговата визуелна сличност со две вкрстени стапови и четири билијардски топки.
На кинески, симболот е наречен цанкао бјаоџи (кинески: 参考标记; букв.: „знак за укажување“) или ми шингао (кинески: 米星号; букв.: „оризова ѕвездичка“ поради неговата визуелна сличност со 米 „ориз“). Не е користен често во кинеското пишување.
Во Unicode, симболот има кодна точка U+203B ※ reference mark (HTML: ※
)
|