Зимски олимписки игри 1956

VII Зимски олимписки игри - Кортина д'Ампецо 1956
VII Зимски олимписки игри - Кортина д'Ампецо 1956
Град домаќинКортина д'Ампецо, Италија
Број на држави32
Број на спортисти821 (687 мажи и 134 жени)[1]
Број на спортови4
Број на натпревари24
Отворање{{{Отворање}}}
Затворање5 февруари 1956
Стадион

VII Зимски олимписки игри се одржале од 26 јануари до 5 февруари 1956 година во Кортина д'Ампецо, Италија. Останати кандидати за отганизација на игрите биле Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Плесид.

Ова биле првите Зимски олимписки игри на кои учествувал Советскиот Сојуз, освојувајќи најголем број на златни и вкупно медали. Оваа доминација на СССР продолжила на речиси сите Зимски олимписки игри, сè до распадот на државата.

Зимските олимписки игри во Кортина д'Ампецо биле првите кои можеле да следат преку директен телевизиски пренос, но последни на кои натпреварите во уметничко лизгање се одржале на отворено.[1]

Избор на град-домаќин

Грофот Алберто Бонакоса и неговата сопруга Марија вложиле напори да овозможат Зимските олимписки игри да се организираат во Кортина д'Ампецо. Бонакоса, кој бил член на МОК од 1925 година, бил успешен алпски скијач, а заедно со својата сопруга имал афинитети и кон уметничкото лизгање.[2] Тој успеал да ги убеди членовите на советот на Кортина да го предложат градот како оможен град-домаќин на Зимските олимписки игри 1944. На 38. седница на МОК, која се одржала во Лондон во 1939 година, било одлучено Зимските олимписки игри во 1944 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Сепак, поради избувнувањето на Втората светска војна, игрите не можеле да се организираат, а веднаш по завршувањето на војната, грофот Бонакоса побарал од МОК во Кортина да се одржат Зимските олимписки игри во 1952 година. Така, градот бил кандидат за организација на овие игри, но во гласањето најмногу гласови добил градот Осло. Италијанската олимписка делегација, предводена од грофот Бонакоса продолжила со настојувањето игрите да се организираат во Кортина, па така градот бил кандидат за град-домаќин и на игрите во 1956 година. На 43. седница на МОК во Рим на 29 април 1949,[3] покрај Кортина во конкуренција биле и градовите Монтреал, Колорадо Спрингс и Лејк Паесид. Со убедлива предност по бројот на освоени гласвои било одлучено Зисмките олимписки игри во 1956 година да се одржат во Кортина д'Ампецо. Грофот Бонакоса починал на 31 декември 1953, со што не доживеал да присуствува на одржувањето на игрите во Кортина.[3]

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1956[4]
ГрадЗемјаПрв круг
Кортина д'Ампецо  Италија31
Монтреал, Канада7
Колорадо Спрингс  САД2
Лејк Плесид  САД1

Краток преглед

  • Во алпско скијање, Тони Зајлер од Австрија станал првиот спортист во историјата, кој освоил три златни медали на едни Олимписки игри.[1] Во спуст победил со предност од 3,5 s, во слалом бил најбрз во двете трки, а во велеслалом победил со предност од дури 6,2 s.
  • Нетпреварувачите од САД доминиале во уметничко лизгање. Тенлеј Албрајт победила во женска конкуренција, а во машка конкуренција сите медали ги освоиле натпреварувачите од оваа земја, при што победил Хејс Алан Џенкинс.
  • Во брзо лизгање, доминирале лизгачите од Советскиот Сојуз, кои освоиле три златни медали во вкупно четири дисциплини. Евгени Гришин бил најуспешен лизгач, освојувајќи два златни медали и поставувајќи два светски рекорди.[5]
  • Финските натпреварувачи во скијачки скокови вовеле нов стил на скокање, при што скокачот рацете ги држел на страна, наместо пред главата. Анти Хиваринен и Аулис Калакорпи ги зазеле првото и второто место, користејќи го новиот стил.[6]

Спортови

На игрите медали биле доделени во 24 дисциплини во 4 спортови, а демонстративни спортови немало.

  • Алпско скијање
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Хокеј на мраз
  • Уметничко лизгање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови

Распоред ан натпревари

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови.[7]

 ● Церемонија на отворање ● Квалификациски натпревари ● Финални натпревари● Церемонии на затворање
26272829303112345Вкупно
Церемонии
Боб 112
Алпско скијање 1111116
Брзо лизгање 11114
Нордиска комбинација 11
Скијачко трчање 1111116
Скијачки скокови 11
Уметничко лизгање 1113
Хокеј на мраз 11
Вкупно232333222224

Земји-учеснички

На игрите во Кортина д'Ампецо се натпреврувале 821 спортист од 32 земји.[8] За првпат на игрите учествувале Боливија, Иран и Советскиот Сојуз. Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција се вратиле наигрите, откако не учествувале на игрите во 1952, а Аргентина, Данска, Нов Зеланд и Португалија, кои учествувале на игрите во 1952, не учествувале во Кортина. Спортистите од Западна и Источна Германија учествувале како претставници на Обединетиот тим на Германија, а истото се случило и на идните две Олимпијади.

Освојувачи на медали

Во табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[1]

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР73616
2  Австрија43411
3  Финска3317
4  Швајцарија3216
5  Шведска24410
6  САД2327
7  Норвешка2114
8  Италија1203
9  Германија1012
10 Канада0123

Поврзано

Наводи

Надворшни врски