Зимски олимписки игри 1948

V Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1948
V Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1948
Град домаќинСанкт Мориц, Швајцарија
Број на држави28
Број на спортисти669 (592 мажи и 77 жени)
Број на спортови4
Број на натпревари22
Отворање{{{Отворање}}}
Затворање8 февруари 1948
Стадион

V Зимски олимписки игри се одржале од 30 јануари до 8 февруари 1948 година во Санкт Мориц, Швајцарија. Тоа биле вторите Олимписки игри во овој град, по Зимските олимписки игри 1928.

По паузата од 12 години на неодржување на Олимписките игри, поради Втората светска војна, Зимските олимписки игри доживеале нов почеток. Поради вмешаноста во војната, Германија и Јапонија добиле забрана да учествуваат на игрите.

Натпреварувачката програма, повторно содржела натпревари во скелетон, но по игрите, овој спорт не бил дел од олимиската програма, сè до Зимските олимпписки игри 2002.

Избор на град-домаќин

Градот Санкт Мориц бил избран за град-домаќин на игрите на седница на МОК, која се одржала во септември 1946 година. Поради кратката временска рамка, Организацискиот комитет на игрите, со подготовките започнал уште веднаш.[1] Со овој избор, Санкт Мориц станал првиот град во кој биле организирани Зимски олимписки игри по вторпат.

Краток преглед

  • Хенри Орејлер од Франција и Мартин Лундстром од Шведска биле единствените спортисти кои освоиле по два златни медали. Орејлер победил во алпските дисциплини спуст и комбинација, а освоил и бронза во слалом, додека Лундстром победил во скијачко трчање на 18 км, а освоил злато и како дел од националната штафета во трката 4х10 km.
  • Во уметничко лизгање доминирале натпреварувачите од Северна Америка. Во женска конкуренција, победила Барбара Ен Скот од Канада, а во машка конкуренција Дик Батсон од САД.
  • Натпреварувачите од Норвешка ги освоиле сите 3 златни медали во скијачки скокови.

Спортови

На игрите, биле доделени медали во 22 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле воената патрола (спорт сличен на биатлон) и зимскиот петобој (спорт кој се состои од алпско скијање, скијачко трчање, мечување, стрелаштво и коњички спорт).

  • Алпско скијање
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Скелетон
  • Хокеј на мраз
  • Уметничко лизгање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови

Распоред на натпревари

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ● Церемонија на отворање ● Квалификациски натпревари ● Финални натпревари● Церемонија на затворање
303112345678Вкупно
Церемонии
Боб 112
Алпско скијање 2226
Брзо лизгање 11114
Нордиска комбинација 11
Скијачко трчање 1113
Скијачки скокови 11
Скелетон 11
Уметничко лизгање 1113
Хокеј на мраз 11
Вкупно32324322122

Земји-учеснички

*сино = земји кои за првпат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрите во Санкт Мориц во 1948 година учествувале вкупно 669 спортисти од 28 земји (на игрите во 1936, исто така учествувале спортисти од 28 земји)[2] За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Данска, Исланд, Јужна Кореја, Либан и Чиле.[3] Поради вмешаноста во Втората светска војна, на Германија и Јапонија не им било дозволено да учествуваат, а Естонија и Летонија биле анексирани кон Советскиот Сојуз во 1940 година и не учествувале како самостојни земји, сè до 1992 година. Аргентина се вратила на игрите по пропуштените игри во 1936, а Австралија и Луксембург, кои учествувале на игрите во 1936, не учествувале.

Освојувачи на медали

Во табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[4]

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка43310
 Шведска43310
3  Швајцарија34310
4  САД3429
5  Франција2125
6 Канада2013
7  Австрија1348
8  Финска1326
9  Белгија1102
10  Италија1001

Поврзано

Наводи

Надворшни врски