Зимски олимписки игри 1988

XV Зимски олимписки игри - Калгари 1988
XV Зимски олимписки игри - Калгари 1988
Град домаќинКалгари, Канада
Број на држави57
Број на спортисти1423 (1122 мажи и 301 жена)
Број на спортови6
Број на натпревари46
Отворање{{{Отворање}}}
Затворање28 февруари 1988
Стадион

XV Зимски олимписки игри се одржале од 13 до 28 февруари 1988 година во Калгари, Канада. Претходно, градот не успеал да ја добие организацијата на игрите во 1964 и 1968 година. Третиот обид се покажал како успешен, а кандидатурата на калгари г победила оние на Фалун и Кортина д'Ампецо.

По финансиските потешкотии при организирањето на Летните лимписки игри во Монтреал во 1976 година, Канаѓаните морале да смислат нови начини на финансирање, за да не се повтори истиот неуспех. Тоа, доста добро било направено и игрите завршили со значаен профит, а градот доживеал брз стопански развој.

Спортистите од Канада имале многу лош настап, оставајќи ја својата репрезентација без златен медал на игрите, што било послаедователно на успехот на спортистите од СФР Југославија, кои исто така не успеале да освојат златен медал на игрите одржани во нивната земја.

Избор на град-домаќин

По двата неуспешни обиди за организација на Зимските олимписки игри во 1964 и 1968 година, градот Калгари ја добил организацијата на игрите во 1988 година. Одлуката од страна на МОК била донесена на 84. седница на комитет, која се одржала во Баден-Баден, Западна Германија. Градот победил во конкуренција на градовите Фалун и Кортина д'Ампецо.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1988[1]
ГрадЗемјаПрв кругВтор круг
Калгари  Канада3548
Фалун  Шведска2531
Кортина д'Ампецо  Италија18-

Краток преглед

  • Во алпско скијање била воведена дисциплината супервелеслалом во обете конкуренции.
  • Харизматичниот италијански алпски скијач Алберто Томба, на своето прво учество на Зимските олимписки игри, доминирал во спортот, освојувајќи златни медали во слалом и велеслалом.
  • Финецот Мати Никенен бил недопирлив во натпреварите во скијачки скокови, освојувајќи три златни медали.
  • Во брзо лизгање се истакнала Ивоне ван Генип од Холандија, која освоила три злата.
  • Криста Ротенбургер од Источна Германија станала првиот спортист досега, со медали и од Летните и од Зимските олимписки игри. Таа победила во трката на 1000 m во брзо лизгање, а на Летните олимписки игри во Сеул истата година, освоила сребрен медал во велосипедизам.
  • Во уметничко лизгање, Катерина Вит го одбранила златото освоено во женска конкуренција од игрите во Сараево.
  • Британецот Еди Едвардс во скијачки скокови и натпреварувачите од Јамајка во боб четирисед биле далеку од квалитетот на останатите натпреварувачи. Со својот настап, тие успеале да го привлечат вниманието кај некои од публиката. Во чест на натпреварувачите во боб од Јамајка бил снимен филмот „Ледена патека“. Сепак, по овие случувања биле утврдени построги правила за учество на натпреварувачите на Зимските олимписки игри. Така, Едвардс се обидел уште неколкупати да обезбеди учество на игрите, но не успеал.
  • За првпат церемонијата на затворање била одржана на истото место, каде што била одржана и церемонијата на отворање.

Спортови

Натпреварите за медали се одвивале во 46 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле карлинг, брзо лизгање на кратки патеки и слободно скијање. Скијањето за лицата со посебни потреби претставувало егзибициски спорт.

  • Алпско скијање
  • Биатлон
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Хокеј на мраз
  • Санкање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови
  • Уметничко лизгање

Земји-учеснички

На игрите учествувале 1423 спортисти од 57 земји. Ова биле првите Зимски олимписки игри за спортистите од Гватемала, Гуам, Јамајка и Холандски Антили.

Освојувачи на медали

Медали од игрите во Калгари
 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР119929
2  Источна Германија910625
3  Швајцарија55515
4  Финска4127
5  Шведска4026
6  Австрија35210
7  Холандија3227
8 Западна Германија2428
9  САД2136
10  Италија2125

Поврзано

Наводи

Надворшни врски