Зимски олимписки игри 1936

IV Зимски олимписки игри - Гармиш-Партенкирхен 1936
IV Зимски олимписки игри - Гармиш-Партенкирхен 1936
Град домаќинГармиш-Партенкирхен, Германија
Број на држави28
Број на спортисти646 (566 мажи и 80 жени)
Број на спортови3
Број на натпревари17
Отворање{{{Отворање}}}
Затворање16 февруари 1936
Стадион

IV Зимски олимписки игри се одржале од 6 до 16 февруари 1936 године во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Истата година, Германија била домаќин и на Летните олимписки игри, кои се одржале во Берлин. Тоа било за последен пат обете Олимписки игри во иста година да се одржат во иста земја.[а]

На овие игри, за првпат во натпреварувачката програма се нашле дисциплините од спортот алпско скијање. Меѓутоа, поради аматерските правил, на учителите по скијање им било забрането учеството, бидејќи ги сметале за професионалци. Поради тоа, алпските скијачи од Франција и Швајцарија ги бојкотирале натпреварите во овој спорт.

Краток преглед

  • Соња Хени од Норвешка го освоила третото последователно злато во уметничко лизгање во женска конкуренција.
  • Ивар Балангруд освоил 3 златни (во трките на 500, 5000 и 10000 m) и 1 сребрен медал (во трката на 1500 m) во четирите дисциплини во брзо лизгање.
  • Во хокеј на мраз се случило големо изненадување, кога златниот медал го освоиле репрезентативците од Велика Британија, кои во клучниот натпревар ја совладале репреентацијата на Канада со 2-1. Сепак, дури десетмина од вкупно дванаесет хокеари на Велика Британија тренирале во Канада.
  • Медалите, со кои биле одликувани најдобрите на овие игри, биле најголемите и најтешките досега. Тие имале пречник со должина од 100 mm, дебелина од 4 mm и маса од 324 g.

Спортови

Спортистите биле одликувани со медали во 17 дисциплини во 8 спортови. Демонстративни спортови биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и ајсшток (спорт сличен на карлинг).

  • Алпско скијање
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Хокеј на мраз
  • Уметничко лизгање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови

Распоред на натпревари

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ● Церемонија на отворање ● Квалификациски натпревари ● Финални натпревари● Церемонија на затворање
678910111213141516Вкупно
Церемонии
Боб 113
Алпско скијање 1114
Брзо лизгање 11114
Нордиска комбинација 11
Скијачко трчање 1113
Скијачки скокови 11
Уметничко лизгање 1113
Хокеј на мраз 11
Вкупно111113323217

Земји-учеснички

*сино = земји кои за првпат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрите, 28 земји испратиле свои спортисти, чиј вкупен број изнесувал 646. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Австралија, Бугарија, Грција, Лихтенштајн, Турција и Шпанија. Повторно со свои спортисти на Зимските олимписки игри учествувале Естонија, Југославија, Летонија и Холандија, кои не учествувале на игрите во 1932 година.

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка75315
2 Германија3306
3  Шведска2237
4  Финска1236
5  Швајцарија1203
6  Австрија1124
7 Обединето Кралство1113
8  САД1034
9 Канада0101
10  Франција0011
 Унгарија0011

Поврзано

Белешки

  • а Во 1940 година, Летните олимписки игри требале да се одржат во Токио, а Зимските во Сапоро, но не се одржале поради Втората светска војна, со што обете Олимписки игри не биле одржани уште еднаш во иста земја.

Надворешни врски